Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скопјани се жалат на загаден воздух, медицински лица велат дека заштитни маски НЕ се решение
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Скопјани се жалат на загаден воздух, медицински лица велат дека заштитни маски НЕ се решение
ЗДРАВЈЕ

Скопјани се жалат на загаден воздух, медицински лица велат дека заштитни маски НЕ се решение

Објавено November 11, 2024 19:00
Сподели
Сподели

Скопје деновиве повторно е на листите на најзагадени градови во светот. Воздухот е загаден и во други градови, а граѓаните апелираат надлежните да преземат соодветни мерки.

Попладнево на листата на IQAir Скопје е на 23 место а според нивните мерења се оценува дека воздухот не е доволно здрав за чуствителни категории граѓани.

Вчера изутрина главниот град се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот. Според листата на IQAir воздухот е опасен за дишење, а индексот на загаденост е 153. На листата на IQAir , Скопје беше рангиран како шестти најзагаден град во светот по Лахор во Пакистан, Њу Делхи во Индија, Багдад во Ирак, Техеран во Иран и Ташкент во Узбекистан.

Доктор Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружение на приватни лекари, во изјава за МИА рече дека секоја година е исто, а луѓето мора да одат на работа, да се движат. Според неа, воздухот е загаден поради зголемениот број возила и густо населените места, а индустриските објекти треба да бидат подалеку од населените места. Заштитните маски не можат многу да помогнат кога е во прашање загадениот воздухот.

-Системски е проблемот. Значи, државата мора прво да ги растерети големите градови. Мора да има децентрализација на главни институции, амбасади, не може сѐ да е во Скопје. Сите бараат добри плати, се селат во Скопје, но, едноставно, Скопје се гуши, вели таа.

Незадоволните граѓани покрај загадениот воздух, се жалат и на непочитување на мерките во некои ресторани и кафеани, каде е дозволено да се пуши во затворено, па велат дека нивното здравје дополнително се влошува.

Министерот за животна средина Изет Меџити пред неколку дена изјави дека загадувањето е комплексно прашање кое не може да се реши со една мерка, туку со повеќе мерки.

-Со комплексот на мерки кои ги преземаме полека, но сигурно ќе влијаеме да има почист воздух и почиста животна средина, порача Меџити.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пендиков е по уметноста: „Обесправениот“ Бугарин во театарот во Софија
Следна Статија Над 17 отсто од вработените Европејци работат со скратено работно време

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Околу 60 000 граѓани се пријавиле за вакцинација против сезонски грип

За вакцинација против сезонски грип се пријавени околу 60 илјади граѓани, а досега се вакцинирани над 8 илјади лица, информираат…

October 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Штипската модуларна болница ќе се адаптира за специјалистички амбуланти

Штипската модуларна болница, која по пандемијата Ковид 19 е празна и стои неискористена, ќе се пренамени во амбуланти за специјалистички…

April 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Не цедете сокови, ќе ви се покачи шекерот

Консумирањето овошни пијалаци во текот на летото, на прв поглед изгледа освежително и здраво. Но, од друга страна, овие навидум…

July 16, 2026
ЗДРАВЈЕ

Нов вид грип стигнува во Јужна Калифорнија, предизвикува загриженост кај експертите за јавно здравје

Празничните патувања се во полнек и случаите на грип се зголемуваат. Некои експерти се загрижени поради нов вариетет на грип…

December 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?