Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Вработувањата во државните институции не се атрактивни за младите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Вработувањата во државните институции не се атрактивни за младите
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Вработувањата во државните институции не се атрактивни за младите

Објавено November 12, 2024 16:40
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека треба да се почитуваат законите, вклучително и Законот за јазиците, а за непочитувањето на овој закон во делот на веб страниците и соопштенијата од министерствата, смета дека треба да се зголемат капацитетите затоа што во минатото продукцијата на вести била 10 пати помала од сега.

Мислам дека треба да се зголемат капацитетите затоа што во минатото продукцијата на вести и активности било 10 пати помала од денеска и можеби било полесно да се работи и да се испорачува нешто кое што е во согласност со Законот за употреба на јазиците. Законот мора да се почитува, но треба да се зголемат капацитетите и во фаза сме на вработување на луѓе кои 10 пати поголемата активност на министерствата апсолутно ќе ја испорачуваат до медиумите – рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по денешното потпишување на два договори за државна помош со компанијата „Бреинчајлд“.

Вели дека нема интерес за вработување во државните институции поради висината на платата и дека тоа е сериозен проблем.

За жал, нема интерес за таа плата што е во моментот и овде во Владата и во институциите. Тоа претставува сериозен проблем и не е атрактивно за младите, но ќе продолжиме да бараме се додека не го испорачаме тоа што им е потребно на граѓаните без разлика на етничката припадност, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци… Се надеваме дека наскоро ќе се доекипираме и дека се ќе биде како што треба да биде – рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анализата на јазови oткрива клучни сознанија за управување со био-отпад од винската индустрија во Тиквешкиот регион
Следна Статија Сиљановска Давкова оствари средба со Орбан: Унгарија останува силен поддржувач на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) За влакно избегната тепачка во Собрание – буџетот ги скара Битиќи и Стојановски

Многу малку фалело да дојде до физичка пресметка помеѓу пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи и Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, за…

November 15, 2024
ЕКОНОМИЈА

Американ Ерлајнс објавува значајни промени во операциите на аеродромот DFW за подобрување на искуството на патниците

Авиокомпанијата истакна дека измените се дизајнирани за да го подобрат искуството на патниците на нејзиниот најголем аеродромски јазол.

December 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во време на енергетска криза во ТЕЦ Неготино бил доставува штетен мазут

Клиентeлизмот на СДС и ДУИ излезе на виделина. Целата мизерија на СДС, ДУИ и поранешното раководство на ЕСМ пред очите…

November 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

Група инжинери со претстaвка до РКЕ: Граѓаните да имаат реални сметки за струја базирани на реално мерење

Новиот Закон за енергетика, јасно ја уредува обврската за мерење и фактурирање на електричната енергија според реална потрошувачка, но со…

May 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?