Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Раул Гонзалез е нов селектор на Србија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Раул Гонзалез е нов селектор на Србија
СПОРТ

Раул Гонзалез е нов селектор на Србија

Објавено November 14, 2024 11:20
Сподели
Сподели

Поранешниот тренер на Вардар и предводник на македонската репрезентација Раул Гонзалез е договорен за нов селектор на српскиот ракометен национален тим.

Трофејниот шпански стручњак, кој со Вардар беше европски шампион во 2017 година, во текот на минатиот викенд бил во Белград на преговори и притоа е постигната согласност тој во иднина да ја води српската репрезентација. Сепак, договорот не стапува на сила веднаш, туку по завршувањето на оваа сезона затоа што Србите инсистирале Раул да биде насочен само на нивната репрезентација и да нема друг ангажман, а познато е дека во моментов е тренер на ПСЖ. Информацијата за потписот на договорот ја потврди генералниот секретар на Ракометната федерација на Србија, Иван Миливојевиќ.

„Договорот со Раул Гонзалез е потпишан откако е одигран натпреварот против Италија. Тој стапува на сила на 1 јули 2025 година, од моментот кога Раул нема да има договорни обврски со ПСЖ. Вакуумот кој го имаме до моментот кога тој ќе ја преземе репрезентацијата ќе го искористиме за да ја решиме ситуацијата со актуелниот селектор Борис Ројевиќ и да најдеме преодно решение за преостанатите натпревари од квалификациите за Европското првенство. Пред Раул е поставена јасна цел – пласман на Олимписките игри во 2028 година“, изјави Миливојевиќ во телевизиско интервју.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонска пошта тоне во загуби и долгови, а директорите лани си ги зголемиле платите
Следна Статија Експлозија на бомба во скопска Керамидница, едно лице со повреди пренесено во болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Неверојатниот Јокиќ урива рекорди: 104 поени за неполни 24 часа

Неполни 24 чаа откако постигна рекордни 56 поени на мечот со Вашингтон, неверојатниот Никола Јокиќ уште еднаш покажа зошто во…

December 9, 2024
СПОРТ

Македонија доби уште еден стадион по УЕФА стандарди

УЕФА  го одобри стадионот во Битола за одигрување меѓународни натпревари од највисок ранг, па на теренот на „Петар Милошевски“ ќе…

August 28, 2025
СПОРТ

ФИФА ќе воведува мртва топка и при пенал

Од Светското првенство во 2026 година ќе се воведе „мртва топка“, големи промени ќе бидат направени и во VAR системот…

July 18, 2025
СПОРТ

Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации

Португалија е првиот финалист на четвртото издание на Лигата на нации. Во првото полуфинале, Португалија го елиминираше домаќинот Германија со…

June 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?