Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: СДСМ нема да го гласа Буџетот со кој Владата ќе го зголемува долгот и партиски ќе вработува во администрацијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Филипче: СДСМ нема да го гласа Буџетот со кој Владата ќе го зголемува долгот и партиски ќе вработува во администрацијата
ЕКОНОМИЈА

Филипче: СДСМ нема да го гласа Буџетот со кој Владата ќе го зголемува долгот и партиски ќе вработува во администрацијата

Објавено November 14, 2024 21:00
Сподели
Сподели

Овој буџет не може и не смее да биде поддржан, затоа што со вакви политики, Владата само ќе ја задолжува државата, ќе товари нови вработувања во администрацијата, ќе го зголемува долгот, ќе си троши на стоки и услуги, а за граѓаните ќе нема ништо, порача претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието Венко Филипче при расправата за предлог буџетот за 2025 година.

Филипче кажа и дека СДСМ нема да гласа за ваков буџет и потсети дека неговата партија поднесе 200 амандмани на Предлог – Буџетот

„Како одговорна опозиција, поднесовме повеќе од 200 амандмани за подобрување на клучните фискални политики. Прво, предлагаме зголемување на платите во јавниот сектор, особено во образованието, полицијата и на пожарникарите. Тоа се позиции каде треба да се мотивираат вработените за да се подобрат јавните услуги. Во Министерството за внатрешни работи предлагаме покачување на платите за 20% и распределба на средства за набавка на технолошка опрема за безбедност. Амандманите за здравство вклучуваат набавка на нова медицинска опрема, подобрување на капацитетите на Итната помош, како и доусовршување на лекарите и медицинскиот персонал. Амандманите за енергетиката и животната средина предвидуваат одржлив развој преку подобрување на енергетската инфраструктура, поттикнување на користење на електрични возила и субвенции за домаќинствата што ќе инсталираат фотоволтаици. За земјоделците, бараме значајна финансиска инјекција од 700 милиони денари за поддршка на младите земјоделци, со цел тие да останат и да инвестираат во оваа гранка. Со рамномерна распределба на капиталните инвестиции по општини, ќе обезбедиме помалите и послабо развиените региони да ги достигнат економските стандарди“ рече Филипче.

Според него, овие ќе придонеле за поефикасно искористување на буџетските средства и ќе обезбедат економски и социјален напредок за граѓаните и за македонската економија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мисајловски на Криволак: „ВОЛЦИТЕ“ ги демонстрираа вештините
Следна Статија Маж и жена изгореле во пожар во куќа во скопско

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Филипче: Македонија е на дното во регионот најниски плати, највисока инфлација, најслаб економски раст

На денешната прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче истакна дека економијата на државата е во драматичен пад и дека Македонија…

November 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Парите од унгарскиот заем наменети за компаниите денеска на Влада

На владина седница денеска се очекува да помине договорот за средствата од унгарскиот заем наменети за компаниите. Од Владата очекуваат…

January 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ ја менува економската филозофија со имплементација на капитални инвестиции

Економскиот раст наредната година ќе биде 3,7 % на што го базираме ова, третиот квартал оваа година имаме раст на…

December 10, 2024
ЕКОНОМИЈА

Охрид доби директна авиолинија со Виена

Авион на „Аустријан ерлајнс“ денеска слета со 154 патници на охридскиот аеродром „Свети апостол Павле“, со што беше означен почетокот…

June 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?