Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филмските работници до Љутков: Предложениот буџет за филм не е доволен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филмските работници до Љутков: Предложениот буџет за филм не е доволен
МАКЕДОНИЈА

Филмските работници до Љутков: Предложениот буџет за филм не е доволен

Објавено November 15, 2024 17:00
Сподели
Сподели

Македонските продуценти секојденево се соочуваат со притисоци и закани за меѓународни тужби и откажување на соработки, а нашата држава престанува да биде дел од европското филмско семејство. Загрозено е и нашето членство во значајни регионални, европски и светски организации и асоцијации, се вели во отвореното писмо на Друштвото за филмски работиници на Македонија до министерот за култура Зоран Љутков.

Во продолжение соопштението на Друштво на филмските работници на Македонија

Веста за вашето назначување за министер за култура, ние во Друштвото на филмските работници и сите наши колеги филмаџии, ја примивме со голема радост. 
Радоста, зачинета со надеж, доаѓаше од фактот што министерството од кое со години наназад потекнуваа нашите проблеми, конечно ќе го раководи човек кој суштински разбира што значи да се биде филмски работник и знае дека ниту еден од луѓето кои ги гледа на филмските сетови, каде што работниот ден трае најмалку 12 часа, не добива државна плата на 1-ви, туку нивните приходи зависат единствено од снимачките денови кои ќе бидат реализирани. 
Во момент кога сме длабоко навлезени во четвртиот месец од мандатот на в.д директорката на Агенцијата за филм, период во кој снимања речиси и да нема, не е потпишан ниту еден договор за финансирање на веќе одобрени проекти, не е прегледан ниту еден извештај за наменско трошење на средства, исплатите кон тековни и веќе реализирани проекти се стопирани и во кој годинешниот конкурс за производство на филмови е поништен, радоста исчезна, а одржувањето на надежта стана невозможно. 
Македонските продуценти секојденево се соочуваат со притисоци и закани за меѓународни тужби и откажување на соработки, а нашата држава престанува да биде дел од европското филмско семејство. Загрозено е и нашето членство во значајни регионални, европски и светски организации и асоцијации.
Во време кога филмските професионалци се во немилост и страдаат за елементарна егзистенција, а филмските продукции бараат алтернативни начини да опстанат, дојде и информацијата дека во предложениот буџет за 2025та година, ставката за филм изнесува само 2.4 милиони евра, бројка која е пониска и од основниот буџет за 2024 година. Оваа вест, секој еден филмаџија ја дочекува во шок и неверување. 
Во изминатите неколку години ДФРМ многупати јавно укажуваше дека е потребно стандардизирање на буџетот за филм по претходно утврдени параметри, а особено во текот на 2023 година во неколку наврати алармираше дека проектираниот буџет од страна на Министерството за култура за филмската дејност за 2024 година, не е доволен за елеметарно да се покријат потребите на нашата кинематографија. 
Денес повторно јавно укажуваме дека предложениот буџет за филм за 2025 година не е доволен за елементарно да се покријат потребите на нашата кинематографија. Затоа бараме од Владата, од Министерството за култура и Министерството за финансии ревидирање на овој предлог и проектирање на реален буџет за филм. Воедно, како филмски автори и филмски професионалци за кои работата на филм значи се, ја истакнуваме неопходноста за кадровска консолидација во Агенцијата за филм.
Веруваме дека Министерството за култура ќе ги земе во предвид нашите укажувања и нема да ја продолжи погубната политика од минатите години, затворајќи ги очите пред успесите на македонскиот филм, ниту ќе го игнорира фактот дека нашите филмови се апсолутен предводник во промоцијата на македонската култура во светот. Исто така, убедени сме дека после долго време Министерството ќе покаже вистинско разбирање за специфичноста на филмската дејност и начинот на кој филмаџиите ја остаруваат својата материјална егзистенција.
Дозволете нѝ уште еднаш да ја искажеме нашата подготвеност за соработка со Агенцијата за филм, Министерството за култура, и сите останати релевантни институции, и ставање на располагање на капацитетите кои ги имаме во разбирање, поддршка и помош при утврдување на состојбите и изнаоѓање на решенија.


Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зошто Македонија треба да биде енергетски независна?
Следна Статија (ВИДЕО) За влакно избегната тепачка во Собрание – буџетот ги скара Битиќи и Стојановски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Нови 20 милиони евра од САД за македонската одбрана, Америка максимално нè поддржува

Со САД склучивме 6 нови договори за повеќе од 20 милиони евра, од кои дел се за софистицирани дронови. Сите…

March 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се качил на покрив на таксито за да го одбрани од “Пајакот”

Таксист се качи на покривот од своето возило за да спречи службата за подигање на возила (пајак) да го однесе…

April 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не се мешаме во судството, но Владата е одговорна за трошењето на секој денар народни пари

„Владата не се меша во судството, но Владата е одговорна за трошењето на секој денар народни пари. И кога тие…

November 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на дводневна посета на Обединетото Кралство на Самитот за Западен Балкан-Берлински процес

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со владина делегација ќе присуствува на Самитот за Западен Балкан, кој оваа година се…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?