(ВИДЕО) Џеј Ло пееше во Ријад и ги воодушеви обожавателите

Џенифер Лопез (55) имаше спектакуларен настап на ревијата 1001 Seasons of Elie Saab, која се одржа во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.

Таа ги отпеа некои од своите најголеми хитови во блескаво сребрено боди со длабоко деколте и на тој начин му оддаде почит на либанскиот моден дизајнер Ели Сааб, кој со оваа модна ревија прослави 45 години работа во светот на модата.

Таа ги изненади фановите со настап кој траеше речиси осум минути, а го започна со големиот хит I Will Survive. Таа ги отпеа и песните On the Floor, Let’s Get Loud и Waiting for Tonight.

Инаку, ревијата ја одбележаа дури 300 манекенки и бројни познати личности, меѓу кои Хали Бери, Камила Кабело и Моника Белучи. Големо внимание привлече Селин Дион, која ги испеа песните I’m Alice и The Power Of Love и ја воодушеви публиката.

Сподели ја оваа статија