Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски најави две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски најави две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски најави две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места

Објавено November 16, 2024 13:58
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека очекува до крајот на месецот да има две нови инвестиции.

Едната, како што појасни, ќе биде проширување на веќе постоен погон, а другата ќе биде сосема нова инвестиција. Двете инвестициите ќе бидат во вредност до 50 милиони евра и ќе обезбедат до 500 нови работни места.

Преговараме и очекувам до крајот на овој месец да имаме две инвестиции. Едната ќе биде проширување на веќе постојан погон, а другата ќе биде сосема нова инвестиција, кои ќе обезбедат до 500 нови работни места. Очекувам овој месец тие две да ги завршиме, а веќе во декември ќе имаме најмалку уште две, но и почеток на една нова инвестиција, поточно ставање на камен темелник, изјави денеска Мицкоски во одговор на новинарско прашање, за време на поставувањето на камен темелник за надградба на ООУ „Ацо Шопов“ во Бутел.

Тој рече дека инвестициите ќе бидат во секторот градежништво и автомобилската индустрија.

На новинарско прашање во врска со средбата што се одржала оваа недела со потенцијален партнер за инвестиција во когенеративна гасна постројка, и дали станува збор за грчката компанија „Митилинеос“, Мицкоски одговори дека не е вклучена оваа грчка компанија, туку станува збор за сосема нов концепт и посочи дека има три компании кои се сериозно заинтересирани за вложување во ваков тип на енергетска инфраструктура на когенеративни производни капацитети.

-Ние жестоко ја критикувавме грчката „Митилинеос“, затоа што ценевме дека е штетна таа инвестиција и дека нема да донесе добро за македонските граѓани. Сега би било непристојно шест месеци потоа, само затоа што сега сме Влада да го смениме мислењето. Јас така не функционирам. Може да се случи да се поместиме доколку добиеме во меѓувреме аргументи, но не само што не добиваме аргументи, туку убедени сме дека тоа е штетна инвестиција и не е одговор на потребата на скопјани, но и генерално на државата, рече Мицкоски.

Тој напомена дека имаме три компании кои се сериозно заинтересирани за вложување во ваков тип на енергетска инфраструктура когенеративни производни капацитети и нормално, и со сите се преговара, за да се види кои се најдобрите услови. Но, нагласи, тоа нема да биде ништо надвор од актуелните програми за поддршка на инвестициите, нема да биде инвестиција со која ќе биде загарантиран откупот или по принцип, туку ќе биде на основа на правилата на пазарот. Мицкоски додаде дека ќе биде инвестиција која ќе користи зелена енергија.

-Секако, ќе биде инвестиција која што ќе користи зелена енергија, бидејќи се обврзавме со планот за раст дека ќе овозможиме производите што ќе се извезуваат во Европската Унија, да имаат зелено брендирање дека се произведени од зелена енергија. Ние последни почнавме како Влада, споредено со другите пет земји од Западен Балкан, први ќе ја добиеме првата транша, бидејќи најквалитетно и први си ја завршивме домашната задача во овие четири месеци. Последни почнавме, први ја добиваме и сме многу понапред во сите други процеси од другите пет земји. Имаме амбициозен план и сакаме да го реализираме, додаде Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поминал 1,6 милиони километри со старо Волво, доби подарок од шведската компанија
Следна Статија Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја става државата на брза трака за развој, 50.5 милијарди денари за капитални инвестиции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Над 3,5 милиони евра годишно одат неповрат за гас што Македонија не го користи

Од октомври лани секој месец од државниот буџет се трошат по близу 300 илјади евра за закуп на природен гас…

May 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Фирмата „Топлина“ од охридското село Подмоље ќе го копа јагленот во РЕК „Битола“ за 25 милиони евра

Фирмата за градежништво, производство, трговија и услуги „Топлина“ од охридското село Подмоље е избрана за најповолен понудувач на јавниот повик…

March 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити

Вкупните депозити, на годишно ниво, во септември бележат раст од 13,2%, и се должи на растот на депозитите на двата…

October 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ќе поскапи изградбата на автопатот Кичево-Охрид

Изградбата на автопатот Кичево–Охрид, дел од Коридорот 8, која со години беше во застој, сега се одвива со забрзано темпо,…

July 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?