Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Израелските сили навлегоа најдлабоко на територијата на Либан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Израелските сили навлегоа најдлабоко на територијата на Либан
СВЕТ

Израелските сили навлегоа најдлабоко на територијата на Либан

Објавено November 16, 2024 19:41
Сподели
Сподели

 Израелските копнени сили навлегоа во најдлабокиот дел на либанската територија од почетокот на копнената операција пред шест недели, пред да се повлечат денеска по судирите со членовите на милитантната група Хезболах, објавија либанските државни медиуми.

Израелските војници зазедоа стратешки рид во јужното либанско село Чама, на околу пет километри од израелската граница, објавија либанските медиуми. Војниците подоцна се повлекле.

Израелските војници го кренале во воздух храмот на пророкот Шимон во Чама, како и неколку куќи пред да се повлечат, но оваа информација не може да се потврди.

Израел однапред ги предупреди жителите да се евакуираат. Во моментов нема извештаи за евентуални жртви.

Над 3.400 луѓе загинаа во израелски оган во Либан, од кои 80 отсто во последните осум недели, соопшти либанското Министерство за здравство.

На 1 октомври, Израел започна, како што соопштија израелските одбранбени сили, „ограничена и насочена“ копнена операција во јужен Либан против Хезболах.

Целта на Израел е да го истисне Хезболах од пограничните области за да можат безбедно да се вратат дома десетици илјади Израелци евакуирани од своите домови на северот на Израел

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јана Атанасовска не ја заврши трката
Следна Статија Косовците биле многу навредени што на трибините скандира „Косово е Србија“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

„Гласот на Америка“ ги раскина договорите со агенциите Асошиетед прес, Ројтерс и Франс прес

Американската владина агенција која го води „Гласот на Америка“ денеска одлучи да ги раскине повеќедецениските договори со агенциите Асошиетед прес,…

March 15, 2025
СВЕТ

Кинески функционер осуден на смрт поради корупција од 324 милиони долари

Поранешниот висок локален функционер во кинескиот град Нанџинг, Јанг Јулин денеска е осуден на смрт поради корупција, злоупотреба на службена…

July 6, 2026
СВЕТ

Врховниот суд ќе го разгледа барањето на Монсанто за имунитет во тужбите за Раундап

Врховниот суд ќе разгледа жалба од производителот на хербицидот Раундап кој наводно не ги информирал потрошувачите за здравствените опасности.

January 18, 2026
СВЕТ

Украле 500 милиони долари: Разбиена меѓународна хакерска мрежа

Меѓународните истражители ја разбија мрежата на криминална група која стои зад речиси двесте напади на интернет. Властите ги идентификуваа и…

July 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?