Ноќва ја има последната супермесечина за оваа година

Ноемвриската полна месечина, којашто е видлива на 15 ноември, е последната супермесечина за 2024 година.

Супермесечината е поголема и посветла од обична полна месечина. При оваа ноемвриска супермесечина, нашиот природен сателит ќе мине низ соѕвездието Овен, во близина ќе може да се види и познатото ѕвездено јато Плејади, што ќе биде видливо со голо око на места со чисто небо.

Месечината, набљудувана од човечкото око, ќе изгледа целосно осветлена цела ноќ. На македонското небо, таа ќе биде најјасна некаде по 22:00 часот.

Оваа супермесечина, според стручњаците, е седум отсто поголема и околу 16 отсто посветла од обичната полна месечина, а за обичното „голо око“, разликата е многу суптилна.

Сподели ја оваа статија