Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милевски: Имаме мотиви за нова победа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Милевски: Имаме мотиви за нова победа
СПОРТ

Милевски: Имаме мотиви за нова победа

Објавено November 17, 2024 10:20
Сподели
Сподели

Денеска Македонија ги завршува натпреварите од Лигата на Нации со мечот на домашен терен против Фарски Острови.

Во пресрет на дуелот се обрати и селекторот Благоја Милевски.

Фарски Острови покажаа дека во денешниот фудбал нема аутсајдери и се квалитетен тим. Во овие Лига на нации го играат добро, се работи за дисциплинирана екипа, одговорна и доста силна, тркачки одлично подготвена. Нè очекува уште потежок меч од тој со Летонија во четвртокот. Фокусот ни е на нас самите, како ќе изгледаме на теренот и да го завршиме ова издание на најдобар можен начин. Прашањето за првото место е решено, ама ние си имаме свои мотиви, индивидуални и како тим. Си поставивме уште една цел, со што е можно повеќе бодови да бидеме поконкурентни во завршната ранг-листа.

По последниот меч присутен е замор, со оглед на тоа дека истрчаа доста и одигравме напорна средба. Дополнителен проблем е теренот кој не е во сјајна состојба. Дојдовме до последното скалило и мислам дека момците ќе го дадат последниот атом на силите за да покажат карактер, па со победа да ја затвориме годината. Околу составот, се надевам дека сите ќе останат здрави, па освен Елмас нема да ни недостига никој. Ќе има одредени промени во играта и тимот. Сепак, мора да бидеме потрпеливи од четвртокот, бидејќи се работи за слично поставен противник кој е поагресивен и поорганизиран, кој е поподготвен од Летонија. Сметам дека нè очекува уште потежок натпревар. Како ќе одговориме на притисокот, ќе видиме утре. Максимално сме мотивирани, без разлика на сите математики сите сме мотивирани кога сме дојдени тука за Македонија“, изјави Милевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џинпинг вети дека ќе работи со владата на Трамп во неговиот последен разговор со Бајден
Следна Статија Експлозии во клучните украински градови во масовен руски ракетен напад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Манчестер јунајтед го отпушти Ерик тен Хаг

Фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед го отпушти тренерот Ерик тен Хаг по вчерашниот пораз од Вест Хем (2:1). Иако долго се…

October 28, 2024
СПОРТ

(Видео) Ѓоковиќ го фрли првиот „пич“ пред дербито Јенкис-Ред Сокс

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, имаше чест да го фрли првиот „пич“ непосредно пред големото бејзбол дерби помеѓу…

August 22, 2025
СПОРТ

Aркан бил донесен за да ги создаде „Делиите“

Новинарот Марко Лопушина изнесе досега непознати детали за Жељко Ражнатовиќ Аркан. Тој тврди дека Аркан бил донесен од странство за да…

November 28, 2024
СПОРТ

Maкедонија оди на победа во Литванија

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров направи една измина во составот во однос на средбата со Естонија. За денешниот…

November 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?