Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Ова е најубавата жена на светот за 2024 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ВИДЕО) Ова е најубавата жена на светот за 2024 година
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Ова е најубавата жена на светот за 2024 година

Објавено November 17, 2024 21:30
Сподели
Сподели

Викторија Кјер Телвиг од Данска беше крунисана за Мис Универзум за 2024 година, со што стана првата Данка во историјата на овој престижен натпревар која ја освои оваа ласкава титула.

Дваесет и едногодишната Викторија, професионална танчарка, претприемачка и идна адвокатка, успеа да триумфира во конкуренција на 126 натпреварувачки во финалето што се одржа во Мексико Сити. За време на церемонијата на крунисување, поранешната Мис Универзум, Шанис Паласиос од Никарагва, ѝ ја предаде тијарата, додека нејзините колешки натпреварувачки ѝ дадоа овации.

Натпреварот започнал со избор на 30 финалистки, кои биле најдобро рангирани на преднатпреварите, вклучително и ревија на раскошни национални костими. После тоа, полуфиналистките се претставиле во костими за капење, а првите 12 ја продолжиле борбата за круната во вечерни фустани, додека петте финалистки се соочиле и со прашања на различни општествени теми.

Momento de coronación de Victoria Kjær Theilvig de Dinamarca como Miss Universo 2024✨😍🇩🇰 pic.twitter.com/EIQS0ObQmO

— Miss Coronas (@miss_coronas) November 17, 2024

Во своето завршно обраќање, Викторија ја охрабрила публиката да истрае во своите соништа:

„Продолжете да се борите, без разлика од каде доаѓате. Јас стојам вечерва овде бидејќи сакам промена. Пишувам историја и го правам тоа сега“, порачала меѓу другото официјално најубавата жена на светот.

Прва придружничка била Чидима Адецина од Нигерија, додека втора придружничка Марија Фернанда Белтран од Мексико. Меѓу финалистките се нашле Сушата Чуангсри од Тајланд и Илеана Маркез Педроза од Венецуела, која како мајка и учесничка во доцните дваесетти години испиша историја благодарение на новите правила на натпреварувањето.

Меѓу 30-те најубави се пласирала и претставничката на Србија, Ивана Тришиќ, која ја воодушевила светската публика во златен костим со орлови крилја, па за нејзиното издание со воодушевување пишувал и „Бизнис инсајдер“.

Учеството е дозволено за жени над 28 години, бремени жени и мајки

Овогодишниот натпревар, инаку, донесе многу значајни промени. За прв пат во 72-годишната историја на Мис Универзум, на жени постари од 28 години им е дозволено да учествуваат. Повеќе од 20 натпреварувачки постари од претходниот лимит стигнале до финалето, вклучително и Малтанката Беатрис Нјоја, која стана првата жена во своите 40-ти што се пласирала во големото финале.

Овие промени се дел од модернизацијата на конкурсот, кој во 2023 година ја укина забраната за бремени жени, мајки и мажени жени.

Куба се врати во натпреварувањето по 1967 година, додека Белорусија, Еритреја и Обединетите Арапски Емирати за првпат имаа свои претставнички.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ања не преживеа: Младата спортистка почина 17 дена по трагедијата во Нови Сад
Следна Статија Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Пи Диди сака да се открие идентитетот на лицата кои го тужат за сексуална злоупотреба

Според странските медиуми, хип-хоп магнатот, рапер и продуцент Шон Диди Комбс или Пи Диди поднел барање до судот во Менхетен…

October 23, 2024
ЗАБАВА

Овој хороскопски знак ќе има магично лето: Ќе им цутат рози на сите полиња, а парите ќе се лепат за нив

Најсреќниот знак летово, кога станува збор за парите, е Девицата! Овој земјен знак, кој е многу насочен на себе и…

April 20, 2025
ЗАБАВА

„Зијан“ по 30 години ќе настапи во оригинален состав вечерва во МКЦ

Легендарниот бенд „Зијан“ ќе одржи концерт на 7 ноември во Младинскиот културен центар во Скопје. Гевгелискиот бенд ќе настапи во…

November 7, 2024
ЗАБАВА

Samsung Galaxy S26 Ultra: Нови цени и понуди кои ќе ве изненадат

Претпремиерната понуда на Samsung Galaxy S26 Ultra ветува поинаква стратегија на цени и можности за купување.

February 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?