Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Очекувам крајот на оваа и почетокот на следната недела да излеземе со конечна позиција за каматите и да тргне оваа работа, вели Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Очекувам крајот на оваа и почетокот на следната недела да излеземе со конечна позиција за каматите и да тргне оваа работа, вели Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Очекувам крајот на оваа и почетокот на следната недела да излеземе со конечна позиција за каматите и да тргне оваа работа, вели Мицкоски

Објавено November 19, 2024 14:51
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски очекува крајот на оваа или почетокот на следната недела конечно да бидат прецизираат условите во однос на каматите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи 250-те милиони евра од унгарскиот заем, и парите да бидат ставени во функција.

Анализираме две сценарија. Во текот на оваа недела ќе има Министерството за финансии поединечни средби со дел од банкарите, вклучително и Централната банка, гувернерката. Очекувам крајот на оваа и почетокот на следната недела веќе да излеземе со конечна позиција и да тргне оваа работа. Инаку, да се трудиме компаниите да добијат еднакви, историски најнински услови што во овој момент може да се најдат каде било во светот – рече премиерот Мицкоски на новинарско прашање кога ќе биде средбата со банкарите оваа недела и дали Владата размислува да ги покрие трошоците за каматите за кредитниот ризик за банките за да добијат фирмите поволни кредити.

На средбата изминатиот викенд не беше постигнат договор меѓу Владата и банките за дефинирање на условите за пласманот на унгарскиот заем за македонските компании. Начелно постигната е согласност околу роковите за исплата, но не и околу каматата што ќе треба да се исплаќа, за која од двете страни, беше кажано, има волја за доближување на ставовите.

Премиерот Мицкоски по средбата со Македонската банкарска асоцијација, рече дека во однос на каматата, уште ќе се преговара.

Во делот на каматата ќе се преговара уште оваа недела и очекувам дека до крајот на следата недела, во втората половина веќе би имале некаков став поврзан со тоа прашање и на тој начин би го заокружиле сето ова за конечно да почнеме сето ова да го аплицираме и да се пренесе на стопанството. Во моментов се доближуваат ставовите. Не би зборувал сега за проценти, би зборувал повеќе за изразена волја од двете страни за доближување на ставовите – рече Мицкоски.

Унгарскиот заем од половина милијарда евра го договорија премиерот Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на Самитот на НАТО во Вашингтон. Законот за унгарскиот заем беше донесен во Собранието на 17 септември, а на 8 октомври во Будимпешта министерката за финансии го потпиша договорот.

Условите под кои е земен кредитот, како што информираше неколкупати досега премиерот, се поволни – 3,25 проценти со три години грејс период и 12 години рок на отплата. Половина од парите се наменети за општините за реализација на капитални проекти, а половина за бизнис секторот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски најави: Преку „Купи куќа за млади“, младите брачни двојки полесно до свој нов дом
Следна Статија Фудбалер погоден на лов, загина на лице место

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Инвестиравме 5 милиони евра оваа година за Велес

Велес инфраструктурно го подобривме, реконструиравме неколку улици низ градот, влезовите целосно ги реконструиравме а за следната година планираме нови проекти,…

November 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа…

February 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски го отвори Виена економскиот форум

Ја имав честа да го отворам Виена економскиот форум, објави на социјалната мрежа на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт…

November 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Азиските акции се подготвуваат да пораснат по намалувањето на каматните стапки од Федералните резерви

Растот на акциите поттикнат од намалувањето на каматните стапки и оптимистичкиот поглед на претседателот на Федералните резерви Џером Пауел беше…

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?