Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Остар раст на цената на златото
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Остар раст на цената на златото
Blog

Остар раст на цената на златото

Објавено November 19, 2024 21:20
Сподели
Сподели

Цените на златото пораснаа втор ден по ред во вторникот, како одраз на зголемената побарувачка на инвеститорите за безбедното средство во услови на ескалација на тензиите меѓу САД и Русија околу Украина.

Со една унца злато на физичкиот пазар во вторникот во попладневното тргување се тргуваше по цена од 2.637 долари, што е највисока од 11-ти ноември и за еден процент повисока од вчерашното затворање на тргувањето.

За ист процент порасна цената на златото кај терминските (фјучерс) договори на американскиот пазар, на 2.641 долар за унца.

Златото обично поскапува во време на геополитичка неизвесност и во атмосфера на ниски каматни стапки, потсетува Reuters.

Во понеделникот цената на златото порасна за два отсто, поттикната од вестите кои сигнализираа ескалација на руско-украинската војна и напнатоста во руско-американските односи.

Американските медиуми во неделата објавија дека кабинетот на американскиот претседател Џо Бајден ѝ дозволил на Украина да користи американски ракети ATACMS за удари врз цели длабоко на руска територија. Русија речиси истовремено го изврши најголемиот воздушен напад во Украина во последните три месеца, предупредувајќи го Вашингтон на опасност од директен судир.

Во вторникот, тензиите ескалираа уште повеќе откако рускиот претседател Владимир Путин ја потпиша ревидираната руска нуклеарна доктрина во формалност. Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана извести дека Украина ноќта кон вторникот истрелала шест ракети ATACMS кон регионот Брјанск во Русија.

Системот за противвоздушна одбрана соборил пет проектили а еден бил погоден од кој делови паднале на територијата на воен објект предизвикувајќи пожар кој брзо бил изгансат, нема повредени и не е причинета материјална штета, тврди руското Министерство за одбрана.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во вторникот дека се надева оти Западот внимателно ќе ја прочита ажурираната нуклеарна доктрина, велејќи им на новинарите во Рио де Жанеиро дека Русија ќе направи сѐ за да спречи избувнување на нуклеарна војна. Според него, нуклеарното оружје ќе биде средство за одвраќање на нуклеарна војна.

„Јасно гледаме дека инвеститорите сакаат да го ублажа ризикот поради руската промена во нуклеарната доктрина и медиумските наслови за нападот на Украина со ATACMS на руска територија“, вели директорот на одделот за истражувања во „AFS Group„ во Амстердам.

Во такви услови, цените на среброто на физичкиот пазар во вторникот пораснаа за 0,7 отсто на 31,38 долари. Слична процентуална добивка имаше и паладиумот, кој достигна цена од 1.010 долари. Во понеделникот неговата цена скокна за пет отсто.

Платината, пак, благо падна за 0,2 отсто, на 965,52 долари.

Цената златото беша поттикната и од намалувањето на доларот од највисокото ниво во една година поради профитабилните продажби, забележува Reuters. Со послаб долар, златото е поевтино за купувачите со други валути.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вархеји: Проширувањето на ЕУ е неизбежно, прашање е колку земји ќе се приклучат и кога
Следна Статија Нетанјаху влезе во Газа и испрати јасна порака кон Хамас

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Сиљановска – Давкова: Историјата е дел од нашиот идентитет, не можеме да ја ревидираме на барање на некој друг

Мојата перцепција за Европа, за членство, не е на зелената маса да блокирате некој друг. Напротив, да креирате заеднички политики…

June 13, 2026
Blog

Се градат 26.000 нови станови, интересот не се намалува

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани…

February 10, 2026
Blog

Harden ‘just as shocked as you guys’ by CP3 news – ESPN

Clippers stars Kawhi Leonard and James Harden said Wednesday night they were both "shocked" when they learned earlier that morning…

December 5, 2025
Blog

Бизарноста на американските царини: Еден клип ја поминува границата шестпати

САД воведоа царини за сите увезени автомобили и делови во износ од 25 отсто што значи дека нема да има…

April 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?