Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Светскиот ден на детето е ден кога не смее само да се зборува, туку треба да се дејствува, порача Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Светскиот ден на детето е ден кога не смее само да се зборува, туку треба да се дејствува, порача Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

Светскиот ден на детето е ден кога не смее само да се зборува, туку треба да се дејствува, порача Мицкоски

Објавено November 20, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Светскиот ден на детето е и потсетник дека треба да работиме заедно за да создадеме свет во кој сите деца ќе имаат еднакви можности и ќе растат во средина што ги поттикнува нивниот развој и благосостојба, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој денес со УНИЦЕФ одржа состанок на кој имаше дискусија за положбата и правата на децата.

„Денес сме тука за да ја потврдиме нашата заедничка обврска, секое дете има право на грижа, образование, здравствена заштита и заштита од секоја форма на насилство и злоупотреба. Но, зборовите на хартија не се доволни. Потребни се дела. Нашата мисија е да ги претвориме овие предизвици во можности за промени: инвестиции во образованието; пристап до здравствена заштита; заштита од злоупотреба и насилство“, рече Мицкоски.

Додаде дека ова е ден кога не смее само да се зборува, туку треба да се дејствува, па во таа насока рече дека целта е создавање образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери на утрешнината; поддршка на политиките што гарантираат социјална заштита за сите деца, особено за најранливите и да ги слушаме децата, да ги охрабруваме да го кажат своето мислење и да ги вклучиме во процесите на донесување одлуки.

„Нека овој ден не биде само потсетник, туку и пресвртна точка“, порача Мицкоски.

На овој датум 1959 година Обединетите нации ја усвоија Декларацијата за правата на детето, а во 1989 година беше усвоена Конвенцијата за правата на детето – најшироко ратификуван договор за човекови права во историјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Попладнево ќе возат само 25 автобуси на ЈСП кои се на гас, другите немаат нафта
Следна Статија Осудени велешаните кои силуваа 14-годишно девојче, највисоката казна е 5 години и 6 месеци затвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Силјановска Давкова ги помилува Талевски и братот на Шенки Версаче

По укажување на Комисијата за помилување, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го помилува поранешниот градоначалник на Општина Битола, Владимир Талески, објави попладнево…

October 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Денес е празник на заштитникот на децата: За нивното здравје, секоја мајка треба да го направи ова

Православна црква и нејзините верници денеска го слави празникот посветен на Свети Сисој Велики. Овој светител е исклучително почитуван и…

July 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Директорот на Царина: Борбата со корупцијата во фокус, годинава преку засилени контроли спречен криминал со употребувани возила

Делуваме системски, преку зголемена соработка со останатите институции сè со цел спречување на организираниот криминал и корупцијата во сите институции…

September 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Изречени се најстроги казни за свлечиштето на „Митрополит Теодосиј Гологанов“, ќе се бара и одземање на лиценците за одговорните

Најстроги законски казни и санкции во согласност со Законот за комуналните дејности се изречени по појавата на свлечиште на булеварот…

May 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?