Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шефот на „Фолксваген“ најплатен менаџер во Германија во 2023 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Шефот на „Фолксваген“ најплатен менаџер во Германија во 2023 година
Blog

Шефот на „Фолксваген“ најплатен менаџер во Германија во 2023 година

Објавено November 20, 2024 21:20
Сподели
Сподели

Најплатен менаџер во Германија во 2023 година е првиот човек на „Фолксваген“, Оливер Блуме, кој заработил околу 10,3 милиони евра и покрај кризата што ја зафати автомобилската индустрија во Германија, пишува Дојче веле. Така тој стана првиот шеф на компанија DAX чија годишна плата надмина 10 милиони евра.

На второ место е Бјорн Гулден од „Адидас“ со заработени 9,2 милиони евра, додека на третото место е Кристијан Савинг од Дојче банк со годишен приход од девет милиони евра, покажува студијата на Здружението за заштита на инвеститори DSW.

-Менаџерите на најголемите германски компании заработија рекордни суми и покрај тоа што лошо и оди на економијата, а делумно и на компаниите што ги водат, вели Дојче веле.

Заработката на членовите на управните одбори на компаниите котирани на германската берза во деловната 2023 година се зголемила во просек за 11 отсто и достигнала рекордни 2,65 милиони евра, покажува новата студија на ревизорската компанија EY. Анализирана е вкупната директна заработка, која вклучува фиксна плата и бонуси за членовите на одборот кои биле на функција во текот на целата деловна година.

Ккога се гледаат платите на водечките менаџери на германските концерни во меѓународен контекст со просечна плата од 5,7 милиони евра, може да се види дека водечките менаџери во САД, Франција и Швајцарија заработуваат многу повеќе.

Најплатени се менаџерите во САД, кои просечно заработуваат по 24,2 милиони евра годишно. Највисоки примања имал шефот на Apple, Тим Кук, дури 58,4 милиони евра, иако приходите му биле речиси преполовени во однос на 2022 година.

На второ место е извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, со 44,8 милиони евра, додека првиот човек на Salesforce, Марк Бениоф заработил 36,6 милиони евра. Кога ќе се погледне ситуацијата во Европа, може да се види дека германските менаџери не се ни блиску до врвот кога се во прашање приходите.

Водечките менаџери на компаниите на француската берза CAC40 заработуваат во просек по 6,9 милиони евра, а оние на швајцарската ДПИ 7,6 милиони евра. Најплатен менаџер во Европа моментално е претседателот на одборот на директори на софтверската компанија „Dashault Systèmes“ Бернард Чарлс, кој лани заработил 46,7 милиони евра. И првиот човек на „Фолксваген“, Блуме, со своите 10,3 милиони евра, е на само 12-то место во Европа, иако е менаџер на најголемата компанија во Европа и најголемиот производител на автомобили во светот, кој продаде возила во вредност од 323,3 милијарди евра во 2023 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Погледнете го небото вечерва на полноќ и направете го ова: Утре е Свети Архангел Михаил
Следна Статија (ВИДЕО) Сите сме многу блиску до смртта: Карлсон ги предупреди Американците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

(Видео) Роботот куче им помага на англиските фармери да станат попрофитабилни

Кучињата роботи би можеле да им помогнат на фармерите побрзо да го проценат здравјето на почвата, се надеваат научниците кои…

November 26, 2024
Blog

„Најголемиот пораз од 1515 година“ – високите царини од САД за Швајцарија ќе остават без работа илјадници луѓе

Иако швајцарската претседателка Карин Келер-Сатер го напушти мајскиот состанок со американскиот министер за трговија Скот Бесант со насмевка, уверена дека…

August 3, 2025
Blog

Внатрешни погледи во промените на Apple во областа на вештачката интелигенција и нивните планови за две нови верзии на Siri

Apple ги реорганизира напорите во областа на вештачката интелигенција со партнерство со Google, промени во менаџментот и две нови верзии…

January 27, 2026
Blog

Annie Awards Winners List – Updating Live – Deadline

The 2026 Annie Awards for animations were handed out February 21, and here are the winners.

February 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?