Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Српскиот пејач Владо Георгиев преку социјалната мрежа „Икс“, соопшти дека бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје.

Тој напиша дека му ги украле дури и подароците за децата.

„Им посакувам сè ‘најубаво’ на крадците кои ми упаднаа во автомобилот, кој го паркирав во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје, и ми украдоа еден куп работи од задното седиште, па дури и подароците за децата и пријателите“, напиша иронично пејачот на Икс.

Сподели ја оваа статија