Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина Македонија
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина Македонија

Објавено November 21, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Секогаш додека јас ја водам Владата исклучиво ќе се водам од интересите на мојата татковина Македонија и македонските национални интереси и ќе го поддржам секој оној што е во таа насока и во таа линија, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање поставено од пратеникот Реџеп Исмаил, поврзано со поддршката на премиерот, Радмила Шекеринска да биде избрана за заменик генерален секретар на НАТО.

-Јас објаснив и вчера дека со госпоѓата Радмила Шекеринска имаме дијаметрални разлики за многу прашања што се однесуваат на дневната политика, но не само на дневната политика, туку и на стратешки разлики, идеолошки разлики, и тука никој не треба да има дилема. Но, секогаш кога станува збор за македонски национален интерес подготвен сум да поддржам секого. Во изборот меѓу Радмила Шекеринска и останати четири други кандидатки, логично е како премиер на Владата на цела Македонија, не само на лево, десно, центар, Македонци, Албанци, Турци…на сите, да донесам одлука за која што заедно со луѓето кои се во соодветните ресори ќе покажеме дека тоа што го зборуваме и кога повикуваме на национално единство, тоа и да го практикуваме. И, друг пат кога ќе има ваква прилика, без разлика дали таа опција доаѓа од лево, десно…секој македонски граѓанин кој што гордо ќе ја претставува својата татковина Македонија, од мене ќе биде поддржан за која било меѓународна институција. Секогаш додека јас ја водам владата исклучиво ќе се водам од интересите на мојата татковина Македонија и македонските национални интереси, и ќе го поддржам секој оној што е во таа насока и во таа линија, истакна Мицкоски.

Можеби според вас, одговори премиерот до пратеникот Исмаил, подобро ќе беше да биде избран некој друг од четворицата кандидати, но за мене тоа не подобро.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Колку заработил Надал од учеството на турнирите?
Следна Статија Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на Нетанјаху за воени злосторства

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во 15 часот и 46 минути започнува пролетта

Пролетта во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 15 часот и 46 минути. Во исто време на јужната…

March 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ахмети откри споменик на Скендербег во кичевско

Во селото Гаране, кичевско, вчера беше откриен споменик на Скендербег, на денот кој граѓаните Албанци го слават како ден на…

November 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гори депонијата во Вардариште

Во земјава попладнево активен е еден пожар на отворен простор – гори депонија во Вардариште во Општина Гази Баба. Ова…

August 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Телефонски разговор на Сиљановска-Давкова со Радев

Претседателот на Бугарија, Румен Радев и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова вчера имале телефонски разговор. Како што информира Кабинетот на Радев,…

March 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?