Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија, како одговор на нападите на американските и НАТО ракетите со краток дострел, истрелала нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ на украинска територија, за која, како што рече, современите системи немаат начин да спротивставување.
„Како одговор на употребата на американско и британско оружје, руските вооружени сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс на Украина“, рече Путин.
Тој објасни дека ова е тест на најновиот руски ракетен систем со среден дострел, во случајов хиперсонична балистичка ракета без нуклеарно оружје, која руските ракетни научници ја нарекоа „Орешник“.