Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николов: И вака ослабени, покажавме карактер против Литванија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Николов: И вака ослабени, покажавме карактер против Литванија
СПОРТ

Николов: И вака ослабени, покажавме карактер против Литванија

Објавено November 21, 2024 23:30
Сподели
Сподели

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Кристијан Николов и покрај вечерашниот пораз од Литванија (67-82) во евроквалификациите, истакна дека е задоволен од покажаниот карактер на теренот и изрази надеж во подобар резултат на реваншот в недела.

Беше навистина тежок натпревар за нас бидејќи ни недостигаа неколку момци. Дадовме сè што можевме, верувам дека ќе бидеме уште подобри на следниот натпревар и се надевам на подобар резултат на гостувањето во Литванија, изјави Николов.

Репрезентативниот бек беше најефикасниот македонски кошаркар, завршувајќи го дуелот против Литванците со 18 поени на кои додаде и шест асистенции.

Тие поставија некоја агресивна игра од самиот старт, судиите им го дозволија тоа. Јас играв тоа што ни го даде одбраната, соиграчите многу ми помогнаа. Се играше со многу контакт, задоволен сум што покажавме карактер, се надевавме на победа, но за жал она што го покажавме не беше доволно, додаде Николов по натпреварот.

Со овој пораз Македонија значително ги намали шансите за пласман на Евробаскетот 2025 пред завршните три дуели во рамки на квалификациската група Х.

Пред избраниците на селекторот Александар Јончевски в недела е реваншот против Литванија во Клеипеда, пред дуелите во февруари идната година против лидерот во групата Естонија и Полска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Познат астролог открива: На три знаци конечно ќе им тргне од 22 декември
Следна Статија Трамп избра нов јавен обвинител

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ноле, време е за пензија

  Британскиот тенисер Џек Дрејпер ноќеска го победи Србинот Новак Ѓоковиќ во четвртото коло на турнирот во Индијан Велс – 4:6,…

March 12, 2026
СПОРТ

Почина творецот на шампионската генерација на Црвена Звезда

Вчера на 84-годишна возраст, почина легендарниот кошаркар на Црвена Звезда и познатиот генерален секретар  Владимир Цветковиќ. Тој ги освои спортските…

May 7, 2026
СПОРТ

Истрагата потврди: позната причината за несреќата во која загина Диого Жота

Фудбалскиот свет беше шокиран во четврток од веста дека Диого Жота, ѕвезда на Ливерпул и португалската репрезентација, загинал во сообраќајна…

July 9, 2025
СПОРТ

Фудбалер на македонскиот клуб Рокдејл Илинден е убиен во терористичкиот напад во Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј во кој татко и син убија 15 лица, еден од загинатите е…

December 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?