Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се појави наводен план на Русија за поделба на Украина на три дела
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Се појави наводен план на Русија за поделба на Украина на три дела
СВЕТ

Се појави наводен план на Русија за поделба на Украина на три дела

Објавено November 22, 2024 10:00
Сподели
Сподели

Руското Министерство за одбрана подготвило документ со прогноза за развојот на воената и политичката состојба во светот до 2045 година, кој постои можност преку владите и претставниците на странските земји да се обидат да го пренесат во новата американска администрација, дознава агенцијата Интерфакс-Украина од извор во украинската разузнавачка заедница.

Според извори на агенцијата, Русија со овој документ ќе се обиде да ја промовира идејата за укинување на политичкиот субјективитет на Украина и поделба на нејзината територија на три дела. Руската Федерација планира да инсистира на вклучување на еден од тие делови во веќе целосно или делумно окупираните региони на Украина.

Вториот дел, кој документот го нарекува „проруски државен ентитет“ и го вклучува Киев, предвидува формирање на државен ентитет со проруски власти и руско воено присуство. Третиот дел во документот се нарекува „спорни области“ и ги опфаќа западните региони на Украина. Кремљ верува дека нивната иднина би можела да се решава меѓу Русија и другите соседни земји – Унгарија, Полска и Романија.

Исто така, според документот кој завршил кај украинската разузнавачка заедница, Кремљ предвидува развој на меѓународните процеси преку четири главни сценарија.

Во сценаријата „Формирање мултиполарен свет и поделба на сферите на влијание на водечките актери“ и „Регионализација/хаотизација“ Русија предвидува победа над Украина и развој на ситуација во светот која е прифатлива за Москва. Од друга страна, сценаријата „Доминација на САД и Западот“ и „Стекнување статус на водечка светска сила од Кина“ Русите ги оценија како неповолни, што може да се случи во случај на губење или замрзнување на војната со Украина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ким Џонг-Ун ги нападна САД: Никогаш не сме биле толку блиску до термонуклеарна војна со Јужна Кореја
Следна Статија Јорданова: Вообичаено државите кандидати ги влечат напред соседите, нас тие не блокираат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Страшна несреќа во Русија: Се урна мост и падна врз патнички воз, има загинати и повредени

Најмалку седум лица загинаа, а 69 се повредени кога патнички воз излета од шините откако се урна мост во Русија…

June 1, 2025
СВЕТ

Tрамп најави дека ќе прогласи вонредна состојба штом стане претседател

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска најави дека ќе прогласи општа вонредна состојба во САД со цел да ги искористи вооружените…

November 18, 2024
СВЕТ

Авионот на Урсула фон дер Лајен остана без навигација во Бугарија

Авионот во кој претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, леташе за Бугарија вчера попладне остана без ГСП-навигација и…

September 1, 2025
СВЕТ

Епл ги поправи безбедносните пропусти со висок приоритет

Компанијата издаде безбедносни ажурирања за да спречи софистицирани напади што загрозуваат одредени корисници

February 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?