Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Aзески: Цените не можеме да ги ограничуваме со сила, тоа треба да го покаже пазарот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Aзески: Цените не можеме да ги ограничуваме со сила, тоа треба да го покаже пазарот
Blog

Aзески: Цените не можеме да ги ограничуваме со сила, тоа треба да го покаже пазарот

Објавено September 12, 2025 19:01
Сподели
Сподели

Повеќекратно зголемување на казната што сега е предвидена во Законот за нефер трговски практики се планира од наредната година, соопшти денеска заменик-министерот за економија Марјан Ристески.

Во изјава за медиумите по работен состанок во Стопанската комора, Ристески ги охрабри да пријават во Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) сите што имаат сознанија за изигрување на законот.

-Имаме сознанија дека одредени маркети го почитуваат Законот за нефер трговски практики, но има и некои кои во одреден дел не го почитуваат. Сакам да ги охрабрам сите добавувачи, производители,  сите што имаат договори со трговци на мало и на големо, кои не го почитуваат законот, да го пријават тоа во КЗК, зашто тоа е казниво. Со молчењето и непријавување на изигрувањето на законот си прават контрауслуга на себе и на граѓаните. Од наредната година веќе ќе има промени во одредени делови на законот за да направиме да биде поефикасен. Една од тие промени е повеќекратно зголемување на казната од она што е предвидено со законот, изјави Ристески. 

Како што рече, Законот за нефер трговски практики треба да биде стожер во нормализирањето на цените на подолг рок. Посочи дека една од целите на тој закон е да нема фаворизирање на увозни производи во однос на македонските, особено во делот на маркетингот каде што тие се помоќни.

Соопшти и дека кампањата за македонски производи која почна со земјоделските постепено ќе се проширува за да ги опфати сите видови македонски производи со цел да се помогне економјата и животниот стандард.

Покрај земјоделските производи, со нареден чекор, рече Ристески, кампањата ќе ги опфати и кондиторските производи, а понатаму постепено  сите други македонски производи.

-Треба да им даваме предност на македонските производи бидејќи  на тој начин индиректно ја поддржуваме македонската економија и производни капацитети. Една од главните цели е зголемување на куповниот менталитет на граѓаните, секогаш да препознаваат македонски производи кои по квалитет некои се и многу подобри од некои увозни производи, а со тоа си помагаме и самите во одржување на животниот стандард бидејќи ќе имаме поконкурентна економија, истакна Ристески.

Според претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, за да се намалат цените потребно Владата не само да интервенира преку ограничување на цени и маржи туку и преку стоковни резерви.

– Цените не можеме да ги ограничуваме со сила, тоа треба да го покаже пазарот и ние секогаш сме за тоа решение. Сите други интервенции треба да одат институционално преку стоковните резерви и другите механизми кои ќе доведат до ред на пазарот и со кои како инструмент може да се дејствува и да се санираат одредени скокови на цените кај клучните артикли. Се друго ќе го сметаме за еден популизам и состојба во која нема да не однесе на правите патишта … Ред на пазарот може да се воведе само на принципиелна основа со еднакви правила на игра, рече Азески. 

Смета дека таквите институции, како што е Агенцијата за стоковни резерви, „треба да бидат местото преку кои ќе се интервенира, а не со административни мерки да се решаваат проблемите“.

– Не верувам дека таа институција е маргинализирана и нема никаква функција во моментов, додаде Азески.

Во однос на цените на големите маркети кои се членки на Комората и дали таа може да им наложи да ги намалат, првиот човек на СКМ рече дека „мора да сфатиме дека одиме кон запад и кон пазарни услови на стопанисување“.

– На ниеден субјект не можеме да му наредуваме што ќе прави. На крајот на краиштата, тие може да го затворат маркетот и да направат штета на сите. Мора да бидеме јасни дека и тие луѓе бараат предвидливост, функционирање на пазарна економија и правна држава, додаде Азески.

За заменик-министерот за економија Ристески, пак, интервенцијата со стоковните резерви е „една од можностите за одржување на животниот стандард и цените во трговијата на мало и на големо“.

– Но, една од промените која ќе се направи е надополнувањето на постојаните стоковни резерви во иднина да биде исклучиво со македонски производи, а понатаму како ќе се интервенира ќе треба да одлучи Владата и министерствата. Меѓутоа, мислам дека не е само таа мерка за нормализирање на цените, пред се, јас би рекол зголемување на производните капацитети, што на долг рок би направило да имаме понормални цени во маркетите. Затоа кампањата што произлезе од МЗШВ е поздравена масовно, пред се од стопанските комори и бизнис-секторот и, пред се, од граѓаните, додаде заменик-министерот за економија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски му одговори на Филипче: За декласифицирање на прислушуваните материјали не одлучувам јас
Следна Статија Собранието изгласа Декларација за фер, слободни и демократски избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Земја со најголем број автомобили по глава на жител во ЕУ

Италија имала најголем број автомобили по глава на жител во ЕУ во 2023 година, со 694 патнички возила на секои…

December 11, 2024
BlogБАЛКАНЗДРАВЈЕМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од 2 милијарди денари на Фондот за здравствено осигурување

Денеска на покана на директорот на Фондот за здравствено осигурување сме овде. Можевме да видиме каква е реалната состојба што…

September 26, 2024
Blog

Германската влада ќе понуди помош за ублажување на кризата во Фолксваген

Германскиот министер за труд Хубертус Хајл ги претстави плановите за ублажување на кризата во Фолксваген групацијата, најголемиот европски производител на…

December 14, 2024
Blog

Пазарната вредност на „Тесла“ достигна трилион долари

Пазарната вредност на американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ достигна трилион долари, пренесе агенцијата Анадолу. Цената на акциите на „Тесла“…

November 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?