Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Aлександар реагираше до судот: Палевски да престане да го злоупотребува моето име за да се одбрани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Aлександар реагираше до судот: Палевски да престане да го злоупотребува моето име за да се одбрани
ХРОНИКА

Aлександар реагираше до судот: Палевски да престане да го злоупотребува моето име за да се одбрани

Објавено April 23, 2025 18:46
Сподели
Сподели

Обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, преку својот адвокат Владимир Туфегџиќ денеска реагираше до Судот поради тоа што смета дека првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо се обидува да го злоупотреби неговото име за да се брани себеси.

Туфегџиќ вели дека реакцијата на Александар е оправдана, бидејќи, како што потенцираше, Палевски изнел премногу тези и анализи, како за човек кој тврди дека не бил на местата на убиствата.

Александар преку мене како негов бранител денеска реагираше во текот на исказот на обвинетиот Палевски поради тоа што смета дека во неколку наврати, на неколку изминати судења, обвинетиот Палевски се обидува злонамерно да се спомнува неговото име во контекст на наводната одбрана. Александар со право реагира особено по изнесените анализи, наводи и тези од Палевски, зошто би ја убиле Вања кога логично било да ја убијат Зорица. Премногу тези и анализи за човек кој за себе тврди дека во критичното време ниту учествувал ниту ги извршил убиствата. Ова особено што Александар од сето она што досега го видел и слушнал во судница има изградено свој став и мислење како за обвинетиот Палевски така и за другите обвинети по однос на убиството на Вања, во судницата кажа дека ниту еден од обвинетите не изразил ниту жалење ниту каење туку само разочараност од нивниот т.н „цар“, рече Туфегџиќ.

Факт е, дополни адвокатот, дека ниту еден од обвинетите кои не го негираа своето учество во убиствата, не се исправи пред таткото на Вања во судницата за да изрази каење, туку грчевито се обидува да го оправда своето учество во настаните на начин дека немал избор и бил под закани

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Влада: Имаме редовна комуникација со владините партнери, средба со АА по први мај
Следна Статија Демократската партија поднесе кривична пријава против Вучиќ за употреба на звучен топ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Вработен во УЈП му дојавувал на менаџер на казино кога ќе има контрола

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.О.(50) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на…

March 26, 2025
ХРОНИКА

Познат идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

На 02.01.2025 околу 16 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локален пат Сарај-с.Рашче, патничко возило излетало од патот…

January 3, 2025
ХРОНИКА

Целосен прекин на сообраќајот на патот Струмица – Ново Село поради сообраќајка

АМСМ вечерва соопшти дека од 20.20 часот во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струмица – Ново Село после…

October 20, 2024
ХРОНИКА

Илјадници граѓани на погребот во Кочани

Во Кочани денеска се погребани триесет и едно лице од 59, колку што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?