Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Aлиу: Целта со законот е да ги заштитиме непушачите кои се 50 отсто од населението
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Aлиу: Целта со законот е да ги заштитиме непушачите кои се 50 отсто од населението
ЗДРАВЈЕ

Aлиу: Целта со законот е да ги заштитиме непушачите кои се 50 отсто од населението

Објавено January 13, 2026 13:56
Сподели
Сподели

Околу 50 отсто од популацијата е зависна од цигари и пуши околу 18-22 цигари дневно што е двојно повеќе во споредба со европските стандарди, вели министерот за здравство Азир Алиу во интервју за Телевизија 24. Oсобено алармантно, како што вели, е тоа што има пушачи и од најрана возраст, од 13-14 години има 7,7 отсто активни пушачи, од 15-16 години се некаде 37 процени, а на електронски цигари има 40 проценти активни пушачи.

Министерот вели дека законот за заштита од пушење, кој сè уште не е донесен, не е против пушачите, туку дека целта со него пред сè е да се заштитат непушачите кои се околу 50 отсто од населението, а истовремено на пушачите да им помогне да се откажат од конзумирањето цигари.

„Замислете наш граѓанин кој работи во угостителски објект каде што се пуши внатре. Тој без оглед дали сака или не, пасивно е изложен на чад од цигари осум часа на ден и на крајот од денот е пасивен пушач. Замислете колку е државата виновна кон тој граѓанин макар и еден да е, тој ќе седи во затворена просторија во која се пуши“,изјави министерот за здравство.

Вели дека и пасивните пушачи се во ризик-фактор на население и може да се соочат со здравствени проблеми.

„Разговарав со колеги од разни институции и со доктори кои велат дека многу често има случаи на кардиоваскуларни заболувања кога пациентите велат дека самите не се пушачи, но дома имаат членови на семејството кои пушат во затворени простории. Тоа значи дека и пасивните пушачи се во ризик, кога активните пушачи пушат во затворени простории. Нас како држава целта ни е да ги заштитиме граѓаните кои не се пушачи“,додаде министерот.

Освен целосна забрана за пушење во јавни и работни простории, предлог-законот за заштита од пушење изработен од Министерството за здравство предвидува и забрана за рекламирање, промоција и спонзорирање од страна на тутунската индустрија, регулирање на продажбата, прикажувањето и изложувањето на тутунски и никотински производи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МНР ги повикува граѓаните кои престојуваат во Иран, да ја напуштат државата
Следна Статија Судењето за пожарот во „Пулс“ се одлага за 26 јануари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Протеин повлечен од продажба во Хрватска, го има ли кај нас?!

Поради присувство на метални честичким, повлечен е прашокот Whey Protein со вкус на чоколадо во пакување од 30 грама и…

November 28, 2024
ЗДРАВЈЕ

По шест месеци борба за живот – Мелани, една од најтешко повредените од дискотеката „Пулс“, конечно дома

18-годишната Мелани Тасева од Скопје, една од најтешко повредените жртви во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, по повеќе од 6…

September 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

Одобрен лек за рак, потенцијално делотворен против белодробната фиброза

Денес сѐ уште нема лек за ова смртоносно заболување, но новите истражувања покажуваат дека одредени имунотерапии што се користат за…

April 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

Извршниот директор на Abivax вели дека големите фармацевтски компании не можат да го игнорираат неговиот експериментален лек

Акциите на Abivax ги намалија добивките откако Министерството за финансии на Франција изјави дека не е контактирано од Eli Lilly…

January 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?