Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Абази: Во секој момент чекаме да го идентификуваме или откриеме лицето кое му го дало мобилниот на Васил Јованов
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Абази: Во секој момент чекаме да го идентификуваме или откриеме лицето кое му го дало мобилниот на Васил Јованов
МАКЕДОНИЈА

Абази: Во секој момент чекаме да го идентификуваме или откриеме лицето кое му го дало мобилниот на Васил Јованов

Објавено February 3, 2025 17:44
Сподели
Сподели

Во специјализираното Одделение за кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и затворската полиција вклучени се јавните обвинители, и во секој момент чекаме да го идентификуваме или откриеме лицето кое му го дало мобилниот телефон на Васил Јованов, кој се наоѓа во притвроското одделение во затворот во Шутка, посочи денеска на прес-конференција јавниот обвинител Ислам Абази, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој потенцираше дека Обвинителството го следи настанот и се преземаат дејствија. Случајот е во надлежност на Јавното обвинителство за организиран криминал.

На новинарско прашање упатено до јавниот обвинител Љупчо Коцевски, зошто била запрена кривичната постапката за Васил Јованов, тој одговори дека постои законска одредба во Законот за кривична постапка за полесните кривични дела од областа на сообраќајот, каде јавниот обвинител има право да предложи т.н. одложно плаќање.

-Сакам јавноста да биде правилно информирана. Значи, не е запрена кривичната постапка, не е отфрлена кривичната пријава. Има законска одредба во Законот за кривична постапка, за полесните кривични дела од областа на сообраќајот, каде што е запретена казна од една година затвор или парична казна, во согласност со оштетениот, јавниот обвинител го повикува оштетениот, и доколку оштетениот не бара штета, тогаш јавниот обвинител има право да предложи т.н. одложно плаќање, со тоа што му дава решение на сторителот во одреден рок да плати одредена парична сума, која ќе ја определи јавниот обвинител согласно неговите можности. Доколку во тој рок се плати износот што е определен со решението, тогаш против тој сторител не се презема кривично гонење. Вака ги решаваме 90 отсто од случаите, рече Коцевски.

Како што дополни, станува збор за законска одредба која што многу често ја применуваат, а парите често се уплатуваат во буџетот или во хуманитарни цели.

Прашан дали Обвинителство ќе оформи предмет за судијката Даниела Алаксовска-Стојановска, јавниот обвинител Љупчо Коцевски одговори дека во моментов нема сознанија дека е отворен предмет, затоа што нема индиции за сторено кривично дело.

-Во моментот немам сознанија дека е отворен предмет против судијката, затоа што во овој момент немаме никакви евентуални докази за некакви индиции, односно сомнение во однос на оваа судијка. Нема елементи и индиции за сторено кривично дело. Доколку има, Јавното обвинителство стои на располагање, рече Коцевски.

Инаку, денеска министерот за правда Игор Филков донесе одлука да ја разреши од членство во работната група за измени на Кривичниот законик судиката која му судела на возачот што ја прегази Фросина Кулакова. Целта е, како што посочи, да не се дискредитира процесот што е започнат за суштинските реформи во правосудството, со кои нема да се дозволи неказнивост и недопирливост.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Мицубишито“ на таткото на Вања на денот кога е убиена тргнало кон Момин Поток
Следна Статија Кумот Гоце конечно ќе сведочи за потрагата по Вања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија под топлотен бран, и денеска до 42 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен…

July 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во прекин сообраќајот на Струмица Валандово поради сообраќајка

Поради сообраќајна несреќа утрово во прекин е сообраќајот на патот Струмица-Валандово на излез од село Костурино. Сообраќајот е во прекин…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Борба со вандализмот: Работен состанок во Владата во врска со несовесното однесување кон јавните добра

По повод се поактуелниот проблем со несовесното третирање и однесувања кон јавните добра, пред сè поради вандализмот кон урбаната опрема,…

February 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Google Street View повторно на улиците на Македонија

Автомобилите на Google Street View оваа пролет се враќаат во Македонија. Во наредниот период ќе се движат по јавните патишта…

April 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?