Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ахмети: Ако се утврди вина, Груби сам ќе се повлече од партиските функции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ахмети: Ако се утврди вина, Груби сам ќе се повлече од партиските функции
ПОЛИТИКА

Ахмети: Ако се утврди вина, Груби сам ќе се повлече од партиските функции

Објавено December 11, 2024 13:20
Сподели
Сподели

Ние не ги оспоруваме одлуките на Американскиот Стејт департмент, господин Груби има право на жалба, ќе го води процесот насочен со факти. Ова право господин Груби го има во одлуката на Стејт депарментот и тој сигурно нема да му наштети ниту на неговиот политички субјект (Демократската унија за интегација), ниту на неговото семејство, до моментот кога овој процес ќе добие финална разврска, изјави денеска лидерот на ДУи Али Ахмети.

На новинарско прашање доколку му се утврди вина, дали ќе биде отстранет од партијата, Ахмети рече дека Груби е совесен и одговорен и дека нема потреба партијата да го отстрани, туку дека тој сам ќе се повлече од сите партиски функции.

Груби е член на ДУИ, личност која четири години ја водела Владата на Република Македонија. Секој член на ДУИ има обврска, без разлика на која функција се наоѓа, на повисоките или пониските нивоа да ги спроведе платформата и избирачката програма на ДУИ, рече Ахмети.

Стејт департментот на Соединетите Американски Држави воведе санкции против поранешниот заменик-претседател на Владата на Македонија Артан Груби и судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети поради нивна вмешаност во значителна корупција.

Според соопштението, Груби и Беџети примале мито со цел да ги поткопаат судските процеси поврзани со кривичната осуда на Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Мијалков беше санкциониран во 2022 година за значителна корупција според Секцијата 7031(в) од Законот за надворешни операции и поврзани програми на Стејт департментот.

Покрај санкциите за Груби и Беџети, забрани за влез во САД се воведени и за членовите на нивните семејства.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање, уверува премиерот
Следна Статија Тошковски: Ковачевски не е достапен за полицијата и не се откажал од македонското државјанство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Само ДУИ со пофалби за Марта Кос

Не само поради нејзината актуелна функција, која е клучна за нашиот пат кон Европската Унија, ниту само поради нејзината лична…

July 2, 2025
ПОЛИТИКА

За време на викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври

Последни денови од годишните одмори бројат многумина наши сограѓани кои ќе се вклучат во изборните активности за локалните избори во…

August 7, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Природно е да разговараме со ВРЕДИ и ЗНАМ за заеднички настап во одредена форма на локалните избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите откри дека започнал со состаноци со општинските комитети на…

February 6, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Нема да дозволиме изборен грабеж

Нашите позиции се принципиелни, СДСМ ќе остане конструктивен за Изборниот законик, но нема да прифати решенија што отвораат простор за…

July 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?