Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ахмети му напиша на премиерот Мицкоски предупредувачко писмо
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ахмети му напиша на премиерот Мицкоски предупредувачко писмо
ПОЛИТИКА

Ахмети му напиша на премиерот Мицкоски предупредувачко писмо

Објавено October 28, 2024 10:10
Сподели
Сподели

Откако вчера испрати неколку писма  Емануел Макрон, Бајрам Бегај, Еди Рама, Вјоса Османи, Албин Курти, Урсула фон дер Лајен, Олаф Шолц, Ентони Блинкен, лидерот на ДУИ му испрати писмо и на македонскиот премиер Христијан Мицкоски во коe го предупредува дека секое нарушување на меѓуетничките односи би имало последици…

„Ви се обраќам во исклучително чувствителен период за нашата земја“, пишува Ахмети во писмото чија содржина ја објавуваме во целост.

„Геополитичката состојба е поопасна од кога било од крајот на минатиот век, со ескалацијата на руската агресија во Украина, амбициите на Кина, сложената ситуација на Западен Балкан, нестабилноста во Босна и Херцеговина, тензиите меѓу Косово и Србија, како и континуираните блокади од страна на Бугарија.

Во оваа комплицирана средина, секое ново нарушување на меѓуетничките односи би имало сериозни последици за внатрешната кохезија и предвидливост.

Последните одлуки на Уставниот суд, кои изгледа дека се извршување на програмата на вашата партија за укинување на клучните механизми за заштита на заедниците, предизвикаа загриженост кај сите граѓани кои се посветени на градењето на подобро одржливи меѓуетнички односи  во С* Македонија.

Охридскиот договор, кој донесе подобро меѓуетничко разбирање, не е само политичко прашање, туку е темел на нашата мултиетничка демократија, стабилност  и демократски напредок. Секој обид за негово доведување во прашање, особено во актуелниот контекст, е чекор кој може да ја влоши состојбата во земјата и во регионот.

Одлуките за измена или ревизија на Законот за употреба на јазиците, кој е клучен елемент на Охридскиот договор, не се само политички контроверзни, туку и штетни за напредокот и соработката меѓу заедниците. Ова е развој што може да ги поткопа придобивките стекнати со значителен труд и да ја врати земјата во периоди на несигурност.

Затоа, ве повикувам да размислите со зрелост и одговорност за овие одлуки кои имаат потенцијал да ја нарушат мултиетничката кохезија во С* Македонија. Иднината на нашата земја треба да се гради врз основа на соработка и заемна почит, а не врз поделби. Секој чекор што ги нарушува овие основи е штетен за иднината на нашата земја и за сите нејзини граѓани, без разлика на етничката припадност’ пишува лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кинезите почнаа да градат фабрика за производство на летечки автомобили
Следна Статија (Видео) Масовна тепачка во Загреб, се степале доставувачи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Нов скандал во Националната агенција „Еразмус“, Ана Михајлов, осомничена од ОЛАФ, назначена за в.д. директорка?

„Денеска објавуваме нов скандал на власта. Како пред очите на целата јавност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја…

August 12, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Бојан Стојановски нека гласа за минимална плата од 500 евра, наместо да шири лаги за Филипче

Вистината е како шило. За една година власт ВМРО-ДПМНЕ ја доведе државата во најголема економска несигурност, Македонија се претвора во…

August 27, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање, најавува кривична за Гаши

СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање и буџет на која треба да се расправа за заемот од 260 милиони…

May 21, 2026
ПОЛИТИКА

Куновска: За Венко злато – за СДСМ р’ѓа!

Поранешниот висок функционер на СДСМ Софија Куновска на Фејсбук „распали“ по СДСМ и лидерот Венко Филипче откако тој се пофали…

May 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?