Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ахмети: Потребен е ветинг за да политичките партии не прераснат во јавни обвинители или судии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ахмети: Потребен е ветинг за да политичките партии не прераснат во јавни обвинители или судии
ПОЛИТИКА

Ахмети: Потребен е ветинг за да политичките партии не прераснат во јавни обвинители или судии

Објавено February 8, 2025 17:33
Сподели
Сподели

Потребен е ветинг за политичките партии да не прераснат во јавни обвинители или во судии, изјави претседателот на политичката партија Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети.

На средба со членови и симпатизери на ДУИ во Битола, лидерот Ахмети посочи дека е потребна истрага за процесот на приватизација и потеклото на богатсвото на сите политичари и функционери во земјава.

За да има владеење на правото и граѓаните да имаат доверба во институциите неопходно е да имаме ветинг. За политичките партии да не прераснуваат во јавни обвинители или во судии, потребен е ветинг во политичките партии, за челниците на политичките партии и на сите функционери, рече Ахмети.

Исто така, нагласи Ахмети, треба да се направи целосна истрага за процесот на приватизација и истрага за потеклото на богатството на сите политичари и функционери во земјава.

Во изјава за медиумите, лидерот на ДУИ посочи дека членството на земјава во Европската унија е единствена алтернатива.

Разговараме со граѓаните за неопходноста од членството на земјава во Европската унија како единствена алтернатива. Убаво е што на овие средби имаме голем одзив и задоволни сме од учеството на граѓаните за да им објасниме за зајакнување на меѓуетничките односи во нашата земја како едно од важните прашања за мирот, стабилноста и функционална демократија. Разговараме со народот затоа што нашата земја има потреба од владеење на правото, истакна Ахмети за време на денешниот престој во Битола.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски во посета на припадниците на Доброволното противпожарно друштво и Територијалната противпожарна единица во Кочани
Следна Статија Две малолетнички се степале во Кичево, повикани на разговор нивните родители

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски за Албанската академија: Не би сакал парите на граѓаните да се трошат за невладини организации

Од тоа што го слушам во медиумите е дека е здружение на граѓани, кое што е така наречено. Ставот на…

October 16, 2024
ПОЛИТИКА

Некој може да стане и да каже-Али Ахмети го брани Рама, не Ахмети ја брани Албанија, а Албанија страда

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за време на својот говор на изборното собрание на партијата во Бутел, зборуваше и за протестите во Албанија. Ахмети…

June 25, 2026
ПОЛИТИКА

ДУИ oбвинува за дискриминација во Царинската управа

Демократската унија за интеграција најостро реагира на најновото унапредување на 26 службеници во Царинската управа, сите од македонска етничка припадност,…

May 25, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ на 7 јуни ќе одржи Конгрес – Филипче најавува нова програма и регионална „Скопска иницијатива“

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, најави дека на утрешната седница на…

March 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?