Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Академик Урошевиќ: Во МАНУ се влегува со наука, не со етничка припадност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Академик Урошевиќ: Во МАНУ се влегува со наука, не со етничка припадност
МАКЕДОНИЈА

Академик Урошевиќ: Во МАНУ се влегува со наука, не со етничка припадност

Објавено October 20, 2024 20:25
Сподели
Сподели

За МАНУ е потребен вредносен критериум, а не етничка припадност, вели академик Влада Урошевиќ за Телевизија 24. Потврдува, дека имало кандидати Албанци кои биле одбиени за прием во академијата, но вели – многу повеќе Македонци останале пред вратата на МАНУ за членство.

Според Урошевиќ, ако се одбие кандидат Албанец, не значи дека има отпор кон Албанците, туку дека кандидатот не ги исполнил условите. Во Академијата има место само за оние кои кои го заслужиле тоа со своите достигнувања, вели академикот.

Процедурата е доста комплицирана. Секако дека имало кандидати Албанци кои не поминале во процедурата – тоа е точно. Но, многу, многу повеќе има кандидати Македонци, кои исто така не поминале. Доста е тешко да се исполнат тие услови, признавам. За мене, за прием во академијата, останува единствено – вредносен критериум. Она што вреди треба да влезе, без оглед на националната, верската и другата припадност, вели академик Влада Урошевиќ.

Академик Урошевиќ вели дека повеќе години би претставник на МАНУ во Меѓународната асоцијација на академии и вообичаено е во една земја да постои само една национална академија. Тврди, дека Албанци имало и на високи позции во академијата.

Во една земја постои само една национална академија, која како таква ја претставува државата во европската и другите меѓународни асоцијации на академии. Можам да ви речам дека во составот на МАНУ, имало повеќе членови со албанска етничка припадност. Двајца биле и потпретседатели на акдемијата. Имало и членови од албанската национална заедница и како членови надвор од работниот состав, вели Урошевиќ.

Параралелната акемија која ја бара владиниот коалиционер Вреди, е неприфатлива за владејачката ВМРО-ДПМНЕ, опозициската СДСМ, но и за ДУИ. Градоначалникот на Липково, кој доаѓа од партијата на Ахмети, денеска на прашање – дали ќе одвои финансиски средства за албанска акдемија порача:

– Како прво, ние не знаеме нити каков предлог, немаше ниту јавна дебата и не можеме да одлучиме за нешто, за кое не знаеме за што се работи. Работите треба да се гледаат на ниво на државата да се решат, а не на локално ниво, знаете ние руралните општини каков буџет имаме и располагаме, вели Еркан Арифи градоначалник на Липково, ДУИ.

И додека ДУИ обвинува дека наместо академија, Вреди прави маалско здружение, албанската политичка коалиција и опонент на Ахмети, тврди, дека академијата е научен проект, бидејќи МАНУ ги дискриминирала Албанците.

Појаснувањето и почитувањето на албанската историја, култура и наука што е или целосно исклучено од енциклопедиите и училишните текстови или во најдобар случај е погрешно напишано… Тоа е задолжително, вели Арбен Таравари министер за здравство, ВРЕДИ.

Премиерот Мицкоски, веќе се изјасни дека е против академијата што ја договараат неговите коалициски партнери. Но, од друга страна порача дека тоа нема да влијае на опстојувањето на владината коалиција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ разговарал со Путин, му се заблагодарил за доволните количества гас за Србија
Следна Статија (ФОТО) Надал за пензионирањето го доби најспектакуларниот и најскапиот подарок во Саудиска Арабија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

По смртта на Фросина, Стојаноски најавува законски измени: Поголеми казни и да не може еден судија да толкува на еден, а друг на друг начин

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски истакна поддршка денешниот протест на граѓаните по смртта на 22-годишната Фросина Кулакова, и најави дека…

January 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Заедно да работиме за државата и општество да ги направиме подобро место за живеење

Во име на СДСМ и во свое лично име, претседателот на СДСМ упати честитка за Божиќ до сите православни верници…

January 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стартува „Безбеден град“, нема повеќе опомени

Според нив, камерите не простуваат, но и не дискриминираат – секој прекршок се третира исто, без разлика кој е зад…

February 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Лидерска средба утре во Клуб на пратеници

Утре, 14 јануари, во 12 часот во Клубот на пратеници ќе се одржи меѓупартиска лидерска средба на покана на премиерот…

January 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?