Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ако не и помогнеме на Македонија сите заедно, осмислено и стратешки мудро, ова ќе биде земја на духови и крстосница на криминалци, мигранти, зомби држава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ако не и помогнеме на Македонија сите заедно, осмислено и стратешки мудро, ова ќе биде земја на духови и крстосница на криминалци, мигранти, зомби држава
МАКЕДОНИЈА

Ако не и помогнеме на Македонија сите заедно, осмислено и стратешки мудро, ова ќе биде земја на духови и крстосница на криминалци, мигранти, зомби држава

Објавено October 23, 2024 16:20
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски на обележувањето на државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна на Свечената академија под слоганот „Завет кој обврзува” во Музејот на македонската борба рече дека  како влада имаат јасен план што да прават во својот мандат.

„Имаме програма, имаме генерална стратегија и ги имаме предвид овие работи кои ги спомнувам при носењето одлуки, но искрено се сомневам дека друг некој мисли на ова. Овдека еден од главните проблеми е политиката купи ден продај. И толку. Никој не размислува стратешки и долгорочно“, рече Мицкоски и додаде:

„Наместо политичките противници да гледаат како да ми извадат од контекст изјава која ја кажувам за Преспанскиот договор која очигледно е иронична  и се исмева со Преспанскиот договор, односно им ги потенцира и објаснува на сите двојните стандарди виза ви бугарскиот договор, дајте нека смислат нешто конструктивно и продуктивно и нешто втемелено на реалност и јасна стратегија за добро на државата. Еве, јас им кажувам дека ќе им прифатиме. Истовремено наместо да го лажат народот и да си играат со неговите чувства со предлогот за минимална плата од 27 700 денари, притоа сакајќи да заборавиме дека самите можеа ако сакаа тоа да го направат пред само 4 месеци да ги зголемат платите, наместо да го пљачкаат брутално буџетот на истиот тој народ, кого сега го потценуваат со вакви предлози, и да ја остават државата пред банкрот“.

Тој побара да размислуваме стратешки и за добро на државата, сметајќи дека ова е преломен период од кој ќе се знае ќе не биде или не.

„Знам дека звучи драматично некому можеби ќе му звучи и патетично, но дали знаете дека ако сакаме да успееме немаме избор освен да соработуваме. И тоа мора да почне веднаш и сега.

Тој површен пристап кон политиката не доведе до ова дереџе.

Иако и левицата и десницата во државава и кај македонските и кај албанските партии, имаа навистина и квалитетни луѓе, сепак не се изнајде сила да се утврди национална стратегија на државата.

Времето не работи за нас. Секој кој ќе ви каже така ве лаже. Времето работи против Македонија. И затоа сите може да чекаат. Само ние не смееме. Мора да се менуваме, мора да променуваме, мора да се развиваме, да реформираме, да се подобруваме. Од ден на ден, од час во час.

Ако не и помогнеме на Македонија сите заедно, осмислено и стратешки мудро, ова ќе биде земја на духови и крстосница на криминалци, мигранти, зомби држава. Тоа некому одговара, но на нас не. Јас сум убеден дека не му одговара ни на нрегионот, иако многу мислат дека ќе не проголтаат како територија во една таква ситуација, тоа нема да е така. На цел регион вклучително и на Бугарија и одговара развиена Македонија и напредна Македонија“, истакна Мицкоски..

„И заради сето ова, сакам да им порачам на сите кои се подготвени да се борат за овие идеи за сопствената држава, кои веруваат сеуште дека можеме и дека ќе успееме, кои се столбот, кичмата на македонската држава, чиј непоколеблив патриотизам ме потсетува на оној на луѓето чија организација ја славиме на дденешниот ден:

Јас сум вашиот глас. Секогаш да го знаете тоа. На секој родител кој сонува за своето дете и кон секое дете кое сонува за својата иднина ви ги упатувам овие зборови, јас сум со вас и ќе се борам за вас и ќе победам за вас. За сите граѓани во сите наши градови  и села, го говорам ова мое ветување постојано, мора да ја направиме македонија повторно ваша, повторно горда, повторно безбедна, со институции, со ред, како земја на развој и просперитет каде што живеат среќни луѓе.

Тоа е нашата цел, тоа е нашата идеја.

Мојата порака денес овде е дека работите мора да се менуваат и мора да се менуваат сега, време е да се покаже на целиот свет дека како држава можеме, дека може да бидеме подобри и посилни од било кога.

Никогаш не се откажувајте, има времиња во животот кога човек едноставно сака да се откаже и да си оди дома, само ве молам верувајте ова не се такви времиња и, немојте никогаш да се откажувате, сум видел во животот многу брилјантни луѓе кои се откажале во својот живот, биле најдобри во својата група најдобри во класот, но се откажаа, сум видел други кои немаа посебен талент, а сега се меѓу најуспешните во својата сфера, затоа велам најважна е посветеноста, најважна е одлучноста, фокусот, и пркосот, никогаш не се откажувајте затоа што има надеж, никогаш не запирајте да се борите за тоа во кое верувате и за луѓето кои се грижат за вас.

Ништо кое е вредно да се прави не дошло на лесен начин, следејќи ги вашите убедувања значи дека сте обврзани да прифатите критика од оние на кои им недостасува истата храброст да го направат тоа што е исправно, затоа што само во вас е силата, во вас е силата на Македонија. Не дозволувајте никој да ви фрли сенка на сомнеж во вас самите и во нас заедно и да ве уверува дека државава нема да успее. Јас ви велам на овој ден овде, заедно ќе успееме“, порача Мицкоски!

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски иницира изготвување стратегија на државата до 2050-тата, за да не исчезне Македонија
Следна Статија Европската комисија официјално ја одобри Реформската агенда на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

15 отсто од фирмите кои добиле лиценци за изградба, проектирање и надзор на градби не ги исполнуваат условите за работа, рече Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на прес-конференција соопшти дека во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Да се направи јасен акциски план во догледен рок и да се одвојуваат од Буџетот пет проценти за потребите на НАТО

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со одвојувањето на пет проценти од Буџетот за одбраната денеска појасни дека барањата се да…

June 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Oд ДУИ масовно споделуваат видео од Ахмети во униформа на УЧК, тој вели: Никогаш не сум изгубил војна

Од вчера ограноци и членови на ДУИ на социјалните мрежи споделуваат видео од Али Ахмети во УЧК униформа како врховен…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од 1 јули 300 паркинг места во „Лимак“ ќе бидат за вработените во Клиничкиот центар

Министерството за здравство обезбедило 300 паркинг места во комплексот Лимак за вработените во Клиничкиот центар. Министерот за здравство Азир Алиу…

June 22, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?