Алкалоид со предност од 11 гола патува за Литванија

- Advertisement -

По денешната победа Алкалоид има одлична шанса за пласман во следната фаза на Македонскиот тим во Автокоманда славеше убедливо над Драгунас Клаипеда (42-31) во првиот дуел од 2. коло во натпреварувањето.

Со високата победа тимот на Кирил Лазаров обезбеди добра залиха пред реваншот кој ќе се игра во Литванија. На полувреме резултатот беше 18-12.

Во вториот дел македонскиот тим кој важеше за фаворит ја контролираше играта. Високиот плус стоеше константно на семафорот и на контото на Алкалоид, а на нешто помалку од десетина минути пред крајот се поведе и двоцифрено за првпат на овој дуел (36-25).

Најдобар стрелец кај победникот беше Никола Костески со десет гола, пред Арно Бинго со девет гола, додека кај Драгунас, Бенас Буткус имаше шест реализации.

Сподели ја оваа статија