Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алваро Мората ќе го напушти Милан, се сели во Галатасарај
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Алваро Мората ќе го напушти Милан, се сели во Галатасарај
СПОРТ

Алваро Мората ќе го напушти Милан, се сели во Галатасарај

Објавено January 31, 2025 08:34
Сподели
Сподели

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората ќе го напушти Милан на крајот од зимскиот преоден рок, пренесува Фабрицио Романо.

Малку изненадувачки ако се земе предвид дека Алваро Мората беше првиот напаѓач на Милан оваа сезона, но новиот тренер Сержо Консеисао има поинаква визија за тоа како треба да изгледаат „росонерите“.

Поранешниот напаѓач на Јувентус, Челзи, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид е во преговори со Галатасарај и се очекува да го реализира трансферот во наредните денови. Таму ќе ја формира напаѓачката двојка со Виктор Осимхен.

Милан не би го пуштил да си оди доколку не го гледаат оптимизмот во разговорите со Феенорд и Сантијаго Хименез кои сигурно ќе облече дресот на клубот од „Сан Сиро“.

Холандскиот клуб дава отпор во последно време, но информациите од Италија говорат дека Златан Ибрахимовиќ ќе тргне во целосна офанзива за да го донесе Мексиканецот.

Менаџерката на фудбалерот, Рафаела Пимента, го известила Феенорд дека тој сака да ја продолжи кариерата во Италија и се надева дека сите страни ќе сакаат што поскоро да се реши ситуацијата. Сепак, Феенорд игра во Лигата на шампионите и им треба и замена.

Кога станува збор за Мората, тој заминува по само половина година. На 26 натпревари досега постигна шест гола и забележа две асистенции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се празнува Св. Атанасиј Велики
Следна Статија Студент од Србија: Го одбив помилувањето на Вучиќ, сакав на суд да ја докажам мојата невиност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Димитревски пред преселба во Леванте

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија Столе Димитриевски ќе остане во Валенсија но ќе го смени клубот. Столе ќе го…

August 22, 2025
СПОРТ

Реал ја одреди цената за Родриго

Арсенал не го крие интересот за крилниот напаѓач на реал, Родриго. Свесни за интересот од Лондон, на „Сантијаго Бернабеу“ ја…

June 24, 2025
СПОРТ

(ВИДЕО) Затекната катастрофална состојба во Академијата на ФФМ: Да не дозволиме лошите услови да ги задушат соништата на младите фудбалери

Вистинска негрижа во Академијата на Фудбалската Федерација на Македонија. Оштетен инвентар, неуредени канцеларии и расфрлени предмети, искршени врати и плафони……

January 22, 2025
СПОРТ

Медведев е заглавен во Дубаи

Поради војната во Иран и нападите врз цели во поширокиот блискоисточен регион, голем број тенисери кои се натпреваруваа на АТП…

March 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?