Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Америка изрече рекордна казна на Луфтханза
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Америка изрече рекордна казна на Луфтханза
Blog

Америка изрече рекордна казна на Луфтханза

Објавено October 16, 2024 09:40
Сподели
Сподели

Соединетите Држави ја казнија Луфтханза со рекордни 4 милиони долари, откако авиокомпанијата им забрани на Евреите да летаат во 2022 година, бидејќи некои од нив, наводно, одбиле да ги следат тогашните задолжителни правила за маски за лице.

Американското Министерство за транспорт соопшти дека Луфтханза ги дискриминира патниците, третирајќи ги „како сите да се една група“, иако многумина не патуваат заедно и не се познаваат. Во соопштението за печатот се наведува дека ова е најголемата казна која некогаш и била изречена на авиокомпанија за кршење на граѓанските права, пренесува Би-би-си.

Луфтханза одговори дека ќе ја плати казната за да избегне судски спор, но негираше дискриминација, обвинувајќи ја за инцидентот „лошата комуникација“. „Луфтханза“ е посветена да биде амбасадор на добра волја, толеранција, различност и прифаќање“, се вели во соопштението на компанијата.

Патниците на спорниот лет патувале од Њујорк до Будимпешта, со попатна станица во Франкфурт, во мај 2022 година. Многу од патниците беа мажи облечени во „препознатливата облека што обично ја носат православните Евреи“, кои ги резервираа своите билети преку истите туристички агенции.

Капетанот го предупреди обезбедувањето на Луфтханза дека некои патници не ги следеле упатствата со кои се бара носење маски и забрана за собирање на патеки и на други места во авионот. Поради ова, понатамошното патување било невозможно за повеќе од 100 патници, од кои сите биле Евреи.

„Никој не треба да се соочува со дискриминација кога патува, а денешната акција испраќа јасна порака до авиоиндустријата дека сме подготвени да истражиме и да преземеме акција секогаш кога ќе се прекршат граѓанските права на патниците“, изјави американскиот секретар за транспорт Пит Бутиџиг.

Американското Министерство за транспорт потврди дека патниците интервјуирани за потребите на истрагата рекле дека не биле сведоци на никакво недолично однесување. Луфтханза подоцна не можеше да идентификува ниту еден патник кој не ги почитувал правилата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
Следна Статија Ново шоу на Меси – постигна три гола и асистираше за две (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Дневен хороскоп за Риби – недела, 26 јануари 2025

1. 💡 Општа енергија на денот: Вашата енергија денеска поддржува внатрешна трансформација и нови почетоци, а вашиот сонлив, сочувствителен, интуитивен,…

January 26, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Риби – петок, 31 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денот ќе биде наполнет со внатрешна трансформација и нови почетоци за лицата родени во знакот…

January 31, 2025
Blog

Вреди да се биде оптимист зошто конечно имаме исчекор и агенда, порача претседателката за Реформската агенда на Владата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера се обрати на седницата на собраниската Комисија за европски прашања на која беше презентирана Реформската…

November 9, 2024
Blog

Швеѓаните почнаа да бојкотираат американски производи како одговор на промената на американската политика

Серијата движења кои повикуваат на бојкот се одговор на промените во американската политика, вклучително и оние поврзани со руската агресија…

March 9, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?