Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Американски бизнисмен сака да го купи „Тик-ток“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Американски бизнисмен сака да го купи „Тик-ток“
Blog

Американски бизнисмен сака да го купи „Тик-ток“

Објавено January 24, 2025 08:49
Сподели
Сподели

Американскиот бизнисмен Френк Мек корт е отворен за здружување со други купувачи во обид да ги преземе операциите во САД на кинеската „Тик-ток“, зделка што се проценува на 20 милијарди долари, со единствениот услов да има контрола над него, изјави тој за Ројтерс на маргините на Светскиот економски форум.

Милијардерот одби да даде детали за неговите извори на финансирање.

„Прашањето тука не е капитал. Станува збор за чекање (сопственикот) „Бајт денс“ или кинеската влада да донесат одлука за иднината на мрежата“, рече Мек курт.

Неговата понуда дојде веднаш откако американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот потпиша извршна наредба со која се одложува спроведувањето на забраната за популарната апликација за кратко видео во кинеска сопственост за 75 дена.

Трамп, исто така, оваа недела рече дека „би сакал Соединетите држави да имаат 50 отсто сопственички удел во заедничко вложување“ во „Тик-ток“.

Лобирачката група на Мек курт, „Проџект Либерти“, поднесе понуда за купување на „Тик-ток“ на почетокот на јануари, со планови да им се овозможи на корисниците да изберат како ќе се користат и споделуваат нивните податоци. „Тик-ток“ поднесе тужба за блокирање на забраната за неговото работење во САД, но Врховниот суд на САД ја потврди со одлука минатата недела.

Можноста за стекнување сопственост на една од најпознатите светски платформи за споделување видео, или барем нејзината публика во САД, привлече долга листа на луѓе и правни лица од светот на финансиите, технологијата и забавата.

Многумина во орбитата на Трамп или со блиски врски со американскиот претседател беа заинтересирани за „Тик-ток“ откако забраната од САД стана можност под администрацијата на претседателот Џо Бајден. Поранешниот министер за финансии Стивен Мнучин во март изјави дека формира конзорциум од инвеститори за купување на „Тик-ток“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Секој осми млад Германец не слушнал за Холокаустот, анкетирани и млади лица во Европа и САД – податоците неочекувани
Следна Статија Циклон „бомба“ ја удри Европа: Бурата Еовин донесе најсилни ветрови било кога во Ирска, Британија масовно откажува летови, застанаа и возовите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Еврото на најниско ниво во однос на доларот во последните две години

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути порасна и минатата седмица, третпат по ред, при…

November 24, 2024
Blog

Вредноста на доларот зајакна, а еврото е под „притисок“ поради ситуацијата во Германија

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути се зголеми минатата недела, иако американската ФЕД ги намали…

November 10, 2024
Blog

Маркетите ќе имаат јавна веб страница каде ќе ги објават цените на производите?

Се разгледуваат неколку мерки за да се намалат цените на производите, но одлуката ќе се донесе по брифингот и анализата…

February 11, 2025

Christine Lagarde receives €140,000 from BIS despite payment ban for ECB staff – Financial Times

Employees say different standards are being applied to president and ‘mortals’ at European Central Bank

February 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?