Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Американските компании донираат средства за настраданите од пожарите во Калифорнија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Американските компании донираат средства за настраданите од пожарите во Калифорнија
СВЕТ

Американските компании донираат средства за настраданите од пожарите во Калифорнија

Објавено January 11, 2025 10:40
Сподели
Сподели

Филмската компанија „Волт Дизни“, соопшти дека ќе донира 15 милиони долари помош за настраданито од катастрафалните пожари во Лос Анџелес и за обнова на локалната инфраструктура, а за слична намена планирани се пет милиони долари од Националната фудбалска лига на САД (НФЛ).

Еден милион долари вети и филмската компанија „Парамоунт“, јави синоќа „Лос Анџелес тајмс“.

Средствата ќе бидат префрлени на локални организации кои им помагаат на погодените од шумските пожари како американскиот Црвен крст, Фондот за противпожарна заштита на Лос Анџелес и Регионалната банка за храна на Лос Анџелес.

– Волт Дизни дојде во Лос Анџелес со својата неограничена фантазија и токму овде го основа својот дом, да ги следи своите соништа и да создава извонредни приказни кои значат многу за милиони луѓе низ светот.

Горди сме што можеме да помогнеме на оваа издржлива и динамична заедница во овој тежок момент, се наведува во синоќешното соопштение од компанијата.

Фондацијата за хуманитарни цели на НФЛ ќе ги додели средствата за поддршка на настраданите од пожарите.

Тимовите Лос Анџелес Чарџерс, Лос Анџелес Ремс, Минесота Вајкингс и Хјустон Тексанс веќе уплатиле донации во фондот.

На 30 јануари пак е планиран хуманитарен концерт „Фајраид“ (Fireaid), со цел да се соберат средства за надминување на штетите од пожарите.

На концертот треба да настапат многу американски поп и рок ѕвезди.

Како што јавуваат дел од американските медиуми, и покрај заканата од нови пожари многу жители започнале да се враќаат во своите населби иако огнот насекаде сè уште е присутен.

„Оние што се вратија во уништените области плачеа или само стоеја, обидувајќи се да сфатат што се случило. Повеќето од нив носеа маски поради густиот чад.

На местата каде што имаше куќи, згради и други градби останаа само урнатини. Редици со автомобили изгореле толку многу што се претворија во пепел, а стаклата исчезнаа, наведуваат медиумите.

Како резултат на неколкуте пожари што неделава избувнаа во густо населена област лоцирана 40 километри северно од центарот на Лос Анџелес изгореа над 12,000 куќи и други објекти.

Причината за пожарите сè уште не е утврдена. Според податоците од медицинската експертиза на округот Лос Анџелес, загинати се најмалку 11 лица.

Властите вчера отворија центар каде луѓето можат да пријават исчезнати лица. Десетици илјади луѓе сè уште се евакуирани. Опожарените подрачја зафаќаат околу 145 квадратни километри.

Во наредните денови се предвидува засилување на ветерот, што може да придонесе за ширење на пожарите. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Диало ќе остане во Јунајтед уште пет години
Следна Статија Велес: Гинекологот и ја сошил матката со мочниот меур – ќе и плати 15.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО)Како француската полиција се справи со блокадите

Министерството за внатрешни работи на Франција објави дека 675 лица се уапсени по протестот „Блокирај сè“. Полицијата во Франција брутално…

September 11, 2025
СВЕТ

(Видео) Пожар зафати хотел во ски-центар во Турција, 10 загинати и 32 повредени

Пожар избувна денеска во хотел во популарен турски ски-центар во централната провинцијата Болу, при што загинаа 10 лица, а 32…

January 21, 2025
СВЕТ

Германски „Цајт“: САД во Иран претрпуваат економски и стратешки пораз

Германскиот весник „Цајт“ (Die Zeit) коментира дека САД во Иран претрпуваат воен, економски и стратешки пораз. Според весникот, американскиот претседљател,…

March 16, 2026
СВЕТ

Кремљ официјално ги потврди договорите за делумен прекин на огнот

Кремљ официјално потврди дека Русија се согласила на ограничен прекин на огнот во Црно Море. Но, Русија договорот го условува…

March 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?