Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност

Објавено November 14, 2024 13:40
Сподели
Сподели

Не смееме да дозволиме во трката по профит и корупцијата да го уништуваат системот, особено не во дигиталната сфера, затоа што тоа значи напади, изгубени податоци на штета за граѓаните, рече министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Во изјава за медиуми пред денешната конференција „Бизнис и Влада: Усогласување за сигурна дигитална иднина“ во организација на Американската Стопанска Комора во Северна Македонија, министерот Андоновски посочи дека се важни две поенти, едната е дека не смееме пред безбедноста на државата да ја ставаме корпуцијата, а втората недостигот на ИТ професионалци.

Не само во јавниот сектор, не само во државните институции, туку сметам дека како што денеска приватните компании имаат секој од нив ангажирано сметководител или адвокат, сега секој од нив ќе мора и ќе треба да ангажира и професионалец или ИТ компанија за да може да се носи со предизвиците на новото време. И ако тоа не го направиле досега, ќе биде задолжително за да можат да се справуваат со предизвиците да го направат тоа од денеска па натаму, посочи тој.

Бизнис и Влада: Усогласување за сигурна дигитална иднина

Во врска со плановите за обезбедување на дигиталната безбедност во нашата држава, тој посочи дека развиваат четири планови од кои ги издвои изработка на Закон за сајбер безбедност и Стратегија за сајбер безбедност. 

Првиот е изработката на Стратегија за сајбер безбедност која што ќе ни покаже како стратешки да се позиционираме во пристапот на заштита на сајбер безбедноста, што е она што ни е потребно – дали ИТ професионалци, дали ИТ опрема, дали е простор, дали е поврзување на една заедничка платформа. Вториот дел е Законот за сајбер безбедност, бидејќи сме единствена држава во поширокиот регион која што нема закон за сајбер безбедност. Трето, минимум стандарди кои превентивно институциите мора да го имаат кај себе за да гарантираат дека нивните системи се доволно заштитени. И четврто, она што ќе го развиваме со нашите партнери од УСАИД, а тоа е план за реакција во момент на инцидент и план за мониторирање дали станува збор за помал посериозен или многу сериозен инцидент и од тоа ќе зависи на кој начин ќе се однесуваат институциите, образложи министерот.

Дополни дека секогаш недостига кадар во поглед на сајбер безбедноста. 

Законот за сајбер безбедност треба да визионира или уредува како да го мотивираме кадарот којшто работи во поглед на сајбер безбедноста во државниот сектор, да остане во државниот сектор, да напредува да се гради и да помага за навистина отворен дигитален систем, потенцираше тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нападот на Раде Штекли беше најавен на ТикТок: „Скопје, Керамидница карши Ист Гејт! Стиже катаклизма, љуби те брат
Следна Статија Раде Штекли е вон животна опасност, го преживеа и третиот обид за убиство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Укината Одлуката со која е одобрено основање на приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово

Уставниот суд денеска ја укина Одлуката за давање одобрение за основање на Приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ – с.…

April 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова на средбата со Карен Пирс: Потребни се креативни решенија и гаранции за македонската евроинтеграција

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Карен Пирс, специјална пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, чија посета ја оцени…

May 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе се носи одлука за избор на народен правобранител, ќе се распише и оглас за претседател на ДКСК

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе распише јавен оглас за именување на нов претседател и член…

July 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) „Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“ – протестен марш на родителите на загинатите во „Пулс“

Со фотографии од загубените чад и со транспаренти, родителите, блиските и пријателите на жртвите од трагедијата во Кочан и денеска…

May 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?