Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Од овој месец печатените електронски документи се признаваат како оригинални
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Од овој месец печатените електронски документи се признаваат како оригинални
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Од овој месец печатените електронски документи се признаваат како оригинални

Објавено January 4, 2025 13:20
Сподели
Сподели

Во синоќешното гостување во „За или против“ на Алфа телевизија, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски говореше за измените на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, кои со најновите измени предвидуваат испечатениот електронски документ кој што ќе биде изваден од граѓанинот, да има иста важност како и оригиналниот документ.

„Во Собранието, мнозинството ја изгласа измената на Законот за електронски документи. Јас велам два члена се, многу мала измена, но мислам дека многу ќе значи. А тоа е дека, од сега електронски извадените документи од порталот или било кој друг државен портал, кој што се целосно електронски, ќе можете да ги испечатите и да ги користите исто како оригинален документ. Нема да треба да одите по печат“, истакна Андоновски.

Тој додаде дека измените на овој закон, ќе доведат до олеснување на вадење на документите, наместо да се оди по шалтери и да се потплаќаат службеници, граѓаните ќе ги добијат услугите на своите мобилни уреди. „За жал досега кога ќе извадевте некоја услуга од порталот, иако таа е потпишана со QR код и електронски потпис, и истата ќе ја приложевте во некоја институција како документ, ќе ви кажат дека документот не е оригинал туку копија. Со измени на законот, овој испринтан електронски документ ќе има иста важност како да е со обичен син печат, така што ќе може целосно да се користи насекаде“, појасни министерот за дигитална трансформација.

Андоновски исто така, најави дека ќе има и инспекциски надзор, кој што по пријава од граѓани ќе реагира, доколку нивните испечатени електронски документи, некоја институција не им ги прифати.

„Измената на овој закон ни дозволува и инспекциски надзор од страна на министерството, што значи дека прво превентивно подготвуваме едно упатство, кое што ќе го испратиме до сите институции, да знаат како функционира процесот, да се свесни. Потоа, при пријава на граѓаните, кога ќе забележиме дека тие не го почитуваат законот, во случај да има такви, ќе имаме простор за изрекување и на прекршочни санкции за оние институции кои нема да ги прифатат овие електронски документи“, заклучи Андоновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Годинава почнуваат активностите за филмот, серијата и документарецот за Тоше Проески
Следна Статија Како Кина ја трансформираше својата автомобилска индустрија и што може Европа да научи од тоа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кошта на турнеја низ Западен Балкан – утре доаѓа во Скопје

Западен Балкан оваа недела е во фокусот на европската дипломатија, откако претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, започнува повеќедневна турнеја…

June 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Давитковски: Укинувањето на балансерот е донесен од страна на претходната влада со усвоената Стратегија за јавен сектор

„Укинувањето на балансерот е од претходните години. Прво извештајот на Европската Унија што беше каде се укажува дека балансерот предизвикува…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина Македонија

Секогаш додека јас ја водам Владата исклучиво ќе се водам од интересите на мојата татковина Македонија и македонските национални интереси…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Oтворен генерален конзулат на Албанија во Струга

 Република Албанија е наш сосед, регионален партнер во НАТО и сојузник, а односите и соработките меѓу двете земји се засновани…

July 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?