Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: APTAMIL итно се повлекува од продажба во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > APTAMIL итно се повлекува од продажба во Македонија
ЗДРАВЈЕ

APTAMIL итно се повлекува од продажба во Македонија

Објавено January 27, 2026 17:17
Сподели
Сподели

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор со храна увозник на почетна формула за доенчиња, последователна формула за доенчиња и диететска храна за посебни медицински намени, за кои АХВ вчера, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија доби известување за пласиран небезбеден производ на македионскиот пазар.

Станува збор за производот APTAMIL AR 2, ENG 24×400 g, серија 2027.01.02, во вкупна количина од 912 парчиња со потекло од Ирска кај кој е утврдено присуство на Цереулид (cereulide), а како извор на контаминацијата, во нотификацијата наведено е маслото ARA.

-Со контролатата утврдено е дека целокупнатата увезена количина е дистрибуирана на пазарот во Македонија, односно, производот не е пронајден во магацините на увозникот и дека, како што и самиот оператор ја известил Агенцијата и јавноста, веќе се врши итно повлекување на дистрибуираните количини од овој производ од пазарот. Апелираме до потрошувачите кои го имаат купено производот со наведениот лот и рок на употреба истиот да не го употребуваат, или да го вратат на местото каде што го купиле, информираат од АХВ.

Во однос на повлекувањето на неколку брендови формули за доенчиња од компанијата „Нестле“ во повеќе европски земји, АХВ проверува дали тие се увезени во земјава, иако засега за нив нема добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија.

Како одговорна институција за безбедноста на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство ја следи состојбата и доколку се јави потреба навремено ќе реагира со преземање на соодветни мерки за заштита на животот и здравјето на бебињата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кошта по трговскиот договор ЕУ – Индија: Ова е историски момент, отвораме ново поглавје
Следна Статија Жан-Клод Јункер до лидерите на ЕУ: Ако јадете од раката на Трамп, ќе бидете губитници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Докиќ: Со спречување на пасивното пушење ќе се придонесе за поздрава нација

Со спречување на пасивното пушење, значително ќе се намали бројот на несакани здравствени последици што можеби не се веднаш видливи,…

January 13, 2026
ЗДРАВЈЕ

Реновирани се шест од планираните десет операциони сали на хируршките клиники

Шест реновирани хируршки сали се отворени денеска на Хируршките клиники во Клинички центар „Мајка Тереза“, со што според директорот на…

April 6, 2026
ЗДРАВЈЕ

Годинава се регистрирани 38 заболени од ХИВ/СИДА, а осум починати

Годинава во Македонија се регистрирани 38 нови лица со ХИВ/СИДА, што претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители, се вели…

November 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

Ако имате висок крвен притисок, важно е да знаете што не треба да правите веднаш по будењето

Одржувањето на високиот крвен притисок под контрола вклучува низа дневни навики како што се намалување на внесот на сол, квалитетен…

March 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?