Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Авиокомпанијата „Емирати“ забрани пејџери и воки-токи по нападите во Либан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Авиокомпанијата „Емирати“ забрани пејџери и воки-токи по нападите во Либан
СВЕТ

Авиокомпанијата „Емирати“ забрани пејџери и воки-токи по нападите во Либан

Објавено October 5, 2024 21:01
Сподели
Сподели

Авиокомпанијата „Еmirates“ со седиште во Дубаи им забрани на патниците да носат пејџери и воки-токи на своите летови откако минатиот месец беа активирани уреди што ги користеше либанската група Хезболах.

„На сите патници кои патуваат до, од или преку Дубаи им е забрането да носат пејџери и воки-токи во чекиран или рачен багаж“, се вели во соопштението на авиокомпанијата објавена на нејзината веб-страница во петокот. Се додава дека сите забранети предмети ќе ги конфискува полицијата во Дубаи како дел од засилените безбедносни мерки.

Илјадници пејџери и радија користени од членовите на Хезболах експлодираа во септември. Се верува дека Израел е одговорен за нападот, иако официјално не ја презеде одговорноста. Најголемата авиокомпанија на Блискиот Исток, исто така, објави дека летовите кон Ирак и Иран се запрени до вторник, а до Јордан ќе бидат обновени во недела.

Летовите за Либан ќе останат суспендирани до 15 октомври поради ескалацијата на израелските напади врз Хезболах поддржан од Иран, вклучително и нападите во близина на аеродромот во Бејрут. Неколку други авиокомпании, исто така, ги прекинаа летовите кон Бејрут и другите регионални аеродроми поради зголемените тензии.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошкоски: Нема веќе бришење на казни
Следна Статија Николоски: До 2026-та ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан, ќе го олесниме транспортот и трговијата за нашите компании

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Медведев по говорот во Давос: Европа е плукната во лице од сопствениот „посинок“

Светскиот економски форум во Давос стана арена на жестоки пораки. По остриот говор на украинскиот претседател Володимир Зеленски во кој…

January 25, 2026
СВЕТ

Една недела до изборите, мртва трка меѓу Харис и Трамп: „Ова е како фрлање паричка“

Камала Харис и Доналд Трамп влегуваат во последната недела од најдраматичната и најполаризирачка трка за Белата куќа во модерната историја.…

October 29, 2024
СВЕТ

(Видео) Започна состанокот меѓу САД, Украина и Турција во Истанбул

Трилатерален состанок на високо ниво меѓу делегациите од Турција, САД и Украина започна во петокот во Истанбул под водство на…

May 16, 2025
СВЕТ

Нетанјаху опериран: израелскиот премиер е свесен, но ќе остане во болница неколку дена

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху е во добра состојба и е целосно свесен откако неговата операција на простата беше „успешна“,…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?