Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Авионот што се урна летал од Вичита; Градоначалничката во солзи: Нема преживеани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Авионот што се урна летал од Вичита; Градоначалничката во солзи: Нема преживеани
СВЕТ

Авионот што се урна летал од Вичита; Градоначалничката во солзи: Нема преживеани

Објавено January 30, 2025 16:36
Сподели
Сподели

Набргу откако официјални лица во Вашингтон се обратија пред печатот, Лили Ву, градоначалничката на Вичита, градот Канзас каде авионот на „Американ Ерлајнс“ кој се судри со воен хеликоптер „Блек Хок“ полета над Вашингтон, одржа прес-конференција.

Таа рече дека во градот владее голема тага и дека деталите за трагедијата се уште доаѓаат.

Им се заблагодари на итните служби кои работеа цела ноќ. Таа со солзи во очите потврди дека и било кажано дека нема преживеани.

„Ова е ужасна трагедија која ќе го обедини градот“, рече Ву, додавајќи дека „семејствата на жртвите ќе бидат известени пред да се објават идентитетите на жртвите“.

Во тек е „многу сложена“ операција за пребарување и спасување откако патнички авион се судри со воен хеликоптер над Вашингтон. Досега се пронајдени телата на над лица од авионот и едно лице од хеликоптерот.

Авион на „Американ ерлајнс“, со 60 патници и четворица членови на екипажот, слетувал на националниот аеродром Роналд Реган, кога во воздух се судрил со воен хеликоптер „Блек Хок“ во кој се наоѓале тројца војници. Двете летала паднале во реката Потомак, а авионот при падот се распаднал на два дела. Во акцијата за пребарување и спасување учествуваат повеќе од 300 луѓе, пренесуваат светските агенции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Елмас го стави потписот на договорот со Торино
Следна Статија Младата дизајнерка Фросина е девојката која синоќа беше прегазена на „Партизанска“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Унгарскиот парламент усвои закон за забрана на Парадата на гордоста

Унгарскиот парламент денеска усвои закон со кој се забрануваат сите Паради на гордоста во земјата и им се дозволува на…

March 18, 2025
СВЕТ

НАСА: Се намалуваат шансите дека опасниот астероид ќе ја погоди земјата

Астероидот IR4, неодамна откриен од астрономите, сега има само 1,5 отсто шанси да удри во Земјата во 2032 година, процени…

February 22, 2025
СВЕТ

Руди Џулијани тешко повреден во сообраќајна несреќа во САД

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани (81), е повреден во сообраќајна несреќа во американската држава Њу Хемпшир, јавува Би-би-си. Според извештајот…

September 1, 2025
СВЕТ

Блумберг: Администрацијата на Трамп врши притисок врз Србија и други балкански земји да прифатат мигранти депортирани од САД

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз Србија и други балкански земји да прифатат мигранти депортирани од САД, објави денес…

June 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?