Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Авионот што се урна летал од Вичита; Градоначалничката во солзи: Нема преживеани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Авионот што се урна летал од Вичита; Градоначалничката во солзи: Нема преживеани
СВЕТ

Авионот што се урна летал од Вичита; Градоначалничката во солзи: Нема преживеани

Објавено January 30, 2025 16:36
Сподели
Сподели

Набргу откако официјални лица во Вашингтон се обратија пред печатот, Лили Ву, градоначалничката на Вичита, градот Канзас каде авионот на „Американ Ерлајнс“ кој се судри со воен хеликоптер „Блек Хок“ полета над Вашингтон, одржа прес-конференција.

Таа рече дека во градот владее голема тага и дека деталите за трагедијата се уште доаѓаат.

Им се заблагодари на итните служби кои работеа цела ноќ. Таа со солзи во очите потврди дека и било кажано дека нема преживеани.

„Ова е ужасна трагедија која ќе го обедини градот“, рече Ву, додавајќи дека „семејствата на жртвите ќе бидат известени пред да се објават идентитетите на жртвите“.

Во тек е „многу сложена“ операција за пребарување и спасување откако патнички авион се судри со воен хеликоптер над Вашингтон. Досега се пронајдени телата на над лица од авионот и едно лице од хеликоптерот.

Авион на „Американ ерлајнс“, со 60 патници и четворица членови на екипажот, слетувал на националниот аеродром Роналд Реган, кога во воздух се судрил со воен хеликоптер „Блек Хок“ во кој се наоѓале тројца војници. Двете летала паднале во реката Потомак, а авионот при падот се распаднал на два дела. Во акцијата за пребарување и спасување учествуваат повеќе од 300 луѓе, пренесуваат светските агенции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Елмас го стави потписот на договорот со Торино
Следна Статија Младата дизајнерка Фросина е девојката која синоќа беше прегазена на „Партизанска“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

ФИТНЕС ЗА СВИЊИ: Трчање на лента за подобра кондиција и квалитет на месото

Наместо досада во свињарникот, повеќе вежбање и подобра кондиција. Научниците од Институтот за биологија на домашни животни во Дамерсторф во…

November 23, 2025
СВЕТ

Ликвидиран шефот на разузнавањето во Иран

Иранските државни медиуми денеска објавија дека е убиен Маџид Кадеми, шеф на разузнавачката организација на Иранската револуционерна гарда, една од…

April 6, 2026
СВЕТ

Зеленски сега сака да се сретне со Путин

Претседателот на Украина Володимир Зеленски предложи прекин на огнот додека се одржи средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин.…

June 4, 2025
СВЕТ

Ова остана од срушениот воен авион во Колумбија (ВИДЕО)

Министерството за одбрана на Колумбија денеска соопшти дека воен авион од типот „Херкулес Ц-130“, од американско производство, учествувал во несреќа…

March 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?