Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бајден ја осуди одлуката на Мета да ја прекине програмата за проверка на факти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Бајден ја осуди одлуката на Мета да ја прекине програмата за проверка на факти
СВЕТ

Бајден ја осуди одлуката на Мета да ја прекине програмата за проверка на факти

Објавено January 12, 2025 22:00
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Џо Бајден остро ја критикуваше одлуката на компанијата Мета да ја прекине програмата за проверка на фактите, нарекувајќи ја „навистина срамна“.

По неговиот говор за економијата Бајден рече дека одлуката ќе овозможи ширење на неточни информации што ќе ги прочитаат милиони луѓе, пренесе Ен-Би-Си Њуз (NBC News).

-Тоа е сосема спротивно од сето она за што се залага Америка. Сакаме да ја кажеме вистината, рече Бајден.

Неговата изјава следеше по изјавата на гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, кој го критикуваше отсуството на реакција за дезинформациите поврзани со пожарите во Лос Анџелес.

Њусом посочи дека надлежните треба да се „позабават“ со лажните информации кои придонесуваат за поделби во општеството.

Мета во вторникот соопшти дека ќе ја прекине својата програма за проверка на факти и наместо тоа ќе воведе систем каде што корисниците самите ги оценуваат информациите, слично на она што X го прави со својот систем „Забелешки на заедницата“.

Исто така, од компанијата најавија дека ќе ги релаксираат и правилата поврзани со политичките содржини.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Целосно обновен подот каде вежба балетскиот ансамбл на Националната опера и балет
Следна Статија Шолц контра Трамп за Гренланд, Канада и Панама

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Се поизвесно е дека канадскиот премиер Трудо ќе поднесе оставка

Канадскиот премиер Џастин Трудо се поверојатно ќе ја објави својата намера да се повлече, иако се уште нема донесено конечна…

January 6, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Чистач на прозорци го преживеа разорниот земјотрес на работното место

Силниот земјотрес кој го погоди Бангкок остави разорни траги зад себе. Голем број видеа ги покажуваат ужасите предизвикани од силата…

March 30, 2025

Американскиот секретар за енергетика Крис Рајт во посета на Венецуела за процена на нафтениот сектор

Американскиот секретар за енергетика Крис Рајт престојува во Венецуела за да ја процени состојбата во нафтениот сектор, во време кога…

February 13, 2026
СВЕТ

Maмо, тато, дадете им сѐ што бараат“: Вака бил мачен синот на украинскиот крал на подземјето

Се појавија нови детали за убиството на Игор Комаров, синот на украинскиот „крал на подземјето“, кој бил киднапиран, мачен, а…

April 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?