Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бајрами ангажираше адвокат, полномошното го добил преку роднина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бајрами ангажираше адвокат, полномошното го добил преку роднина
МАКЕДОНИЈА

Бајрами ангажираше адвокат, полномошното го добил преку роднина

Објавено December 18, 2024 09:00
Сподели
Сподели

Поранешниот директор на Државната Лотарија, Прпарим Бајрами, за свој застапник пред судот го одбрал адвокатот Антонио Апостолски од Скопје.

Вчера преку близок роднина на адвокатот Апостолски му било предадено полномошно лично потпишано од осомничениот Бајрами, за кого судот определи мерка притвор. Но, пред судот адвокатот изјавил дека нема информација каде се наоѓа неговиот клиент.

Се шпекулира, како и за Артан Груби, дека и Перпарим Бајрами е избеган на Косово или во Албанија.

И Груби веќе ангажирал адвокат и тоа Владимир Доневски, поранешниот адвокат на Драги Рашковски.

Вчера Кривичниот суд го прифати барањето на Јавното обвинителство за определување на мерка притвор на двајцата осомничени во случајот со Државната лотарија, поранешниот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на Државна лотарија.

„Мерката ќе се спроведе во моментот кога осомничените ќе бидат достапни на органите на прогонот или доколку во меѓувреме самите се пријават во Судот“, информираат од Кривичниот суд.

Судот одлуката ја донесе врз основа на предлогот на Обвинителството, кое оцени дека постои основан ризик од бегство на осомничените или од нивно влијание врз текот на истрагата. Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до Министерството за внатрешни работи издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување меѓународна потерница.

Од МВР информираа дека во текот на денот ќе известат за распишаните потерници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најдобар во изборот на ФИФА е Бразилецот Винисиус Жуниор
Следна Статија Русија: Го уапсивме човекот кој го уби генералот Кирилов ВИДЕО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски најави ослободување од визи за Велика Британија за три категории граѓани

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека сериозно се разговара со Велика Британија за три категории на…

June 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА ТАГУВА: Погреб на загинатите во трагедијата во Кочани

Загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска ќе бидат погребани. Во трагедијата што се случи во неделата рано…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пазарна најави засилени контроли во угостителските објекти пред празниците

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најави спроведување засилени инспекциски надзори во сите угостителски објекти во пресрет на празниците, кога се очекува…

December 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонската естрада се простува од Владо Јаневски, еден од најголемите македонски музичари

Веста за смртта на Владо Јаневски ја потресе македонската јавност. Еден од најголемите музички автори и пејачи во земјава зад…

June 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?