Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бајрами ангажираше адвокат, полномошното го добил преку роднина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бајрами ангажираше адвокат, полномошното го добил преку роднина
МАКЕДОНИЈА

Бајрами ангажираше адвокат, полномошното го добил преку роднина

Објавено December 18, 2024 09:00
Сподели
Сподели

Поранешниот директор на Државната Лотарија, Прпарим Бајрами, за свој застапник пред судот го одбрал адвокатот Антонио Апостолски од Скопје.

Вчера преку близок роднина на адвокатот Апостолски му било предадено полномошно лично потпишано од осомничениот Бајрами, за кого судот определи мерка притвор. Но, пред судот адвокатот изјавил дека нема информација каде се наоѓа неговиот клиент.

Се шпекулира, како и за Артан Груби, дека и Перпарим Бајрами е избеган на Косово или во Албанија.

И Груби веќе ангажирал адвокат и тоа Владимир Доневски, поранешниот адвокат на Драги Рашковски.

Вчера Кривичниот суд го прифати барањето на Јавното обвинителство за определување на мерка притвор на двајцата осомничени во случајот со Државната лотарија, поранешниот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на Државна лотарија.

„Мерката ќе се спроведе во моментот кога осомничените ќе бидат достапни на органите на прогонот или доколку во меѓувреме самите се пријават во Судот“, информираат од Кривичниот суд.

Судот одлуката ја донесе врз основа на предлогот на Обвинителството, кое оцени дека постои основан ризик од бегство на осомничените или од нивно влијание врз текот на истрагата. Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до Министерството за внатрешни работи издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување меѓународна потерница.

Од МВР информираа дека во текот на денот ќе известат за распишаните потерници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најдобар во изборот на ФИФА е Бразилецот Винисиус Жуниор
Следна Статија Русија: Го уапсивме човекот кој го уби генералот Кирилов ВИДЕО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Министерот Панче Тошковски демантира дека убиената Росица му барала помош и му испратила СМС-порака

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски категорично ги демантира наводите изнесени во јавноста дека Росица К. пет месеци пред да…

September 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одбраната ги оспорува обвиненијата за пожарот во „Пулс“, судењето продолжува на 4 декември

На денешното рочиште за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“, одбраната на повеќемина обвинети во своите воведни говори ја оспори…

December 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Двајца возачи се рекордери, имаат 40 забрани за возење, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа рече дека до 20.00 часот…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во Кочани нема да има концерт за Петровден, Крстевски го откажа на барање на родителите на загинатите деца во „Пулс

Откажан е музичко забавниот дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани. Ваква одлука вчера донесе в.д.…

July 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?