Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за унапредување на регулативата за идентификување системски значајни банки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за унапредување на регулативата за идентификување системски значајни банки
ЕКОНОМИЈА

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за унапредување на регулативата за идентификување системски значајни банки

Објавено December 27, 2024 12:20
Сподели
Сподели

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот систем на Република Македонија во третиот квартал од 2024 година. Исто така, Советот донесе нова Одлука за методологијата за идентификување системски значајни банки со која се унапредува постојната методологија врз основа на која Народната банкa ги идентификува системски значајните банки во земјава и за нив го утврдува заштитниот слој на капиталот. Ова претставува макропрудентен инструмент за јакнење на отпорноста на банкарскиот систем преку јакнење на солвентноста и стабилноста на системски значајните банки на неочекувани шокови или загуби коишто можат да настанат во текот на нивното работење. Измените на одлуката за системски значајни банки се прави и заради натамошно приближување кон Насоките од Европскиот банкарски орган (ЕБА) за идентификување на домашните системски значајни банки.

Според Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во текот на третиот квартал, показателите за изложеноста на ризиците на банкарскиот сектор и натаму се стабилни, а стрес-тестовите укажуваат на добар капацитет за справување со шокови. Стапката на адекватност на капиталот се задржа на нивото од 19%, коешто е највисоко во последните седумнаесет години, додека учеството на нефункционалните кредити во вкупните е на историски ниски 3%. Во третиот квартал од годината банките работеа во услови на позначително забавување на домашната инфлација и поволен девизен пазар, но ризиците од окружувањето сѐ уште постојат и е потребно нивно натамошно внимателно следење и претпазливост во водењето на политиките заради задржување на стабилноста на банкарскиот сектор и во следниот период.

Растот на депозитите од граѓаните и фирмите забрза и овозможи одржување на кредитниот раст, но и зголемување на ликвидните средства на банките. Притоа, забрза годишниот раст на депозитите искачувајќи се до нивото од 7,9%, во кој преовладува долгорочното штедење, како и денарските депозити, поттикнато и од мерките на Народната банка за поддршка на денаризацијата и штедењето на подолг рок. Се забележува забрзување на годишниот раст кај кредитирањето до 7,5%, додека резултатите од Анкетата за кредитната активност во третиот квартал од 2024 година укажуваат на натамошно нето-олеснување на вкупните кредитни услови и нето-зголемување на кредитната побарувачка, и кај двата сектора − претпријатијата и домаќинствата.

Советот усвои и измени на регулативата за сметководство и финансиско известување за банките и штедилниците заради спроведување на барањата на меѓународниот стандард за финансиско известување („МСФИ“) 16 „Наеми“ и усогласување со важечките МСФИ, објавени од Одборот за меѓународни сметководствени стандарди.

Советот на Народната банка разгледа и повеќе други прашања поврзани со работењето и сегашните активности на централната банка, а ги донесе и Финансискиот план и Планот за инвестициите на Народната банка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мајмунски сипаници во Приштина, прв регистриран случај кај 30-годишен маж
Следна Статија Вучиќ: Со Трамп, во Украина мирот е поблиску

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина…

October 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бишев: Ако не се најдат средства за ПИОМ, ќе мора да се користат средства од буџетот

Ако не се најдат средства за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, за исплата на пензиите ќе мора да се…

December 13, 2024
ЕКОНОМИЈА

Народната банка ги презентира макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации

Макроекономската слика за домашната економија укажува на отпорност и солиден економски раст, надолно приспособување на инфлацијата и претежно стабилна платнобилансна…

November 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Влада: Економијата е нашиот приоритет – Буџетот за 2025 година ветува повисоки плати, инвестициски бум, силен економски развој

Владата денеска преку соопштение порача дека економијата е нејзиниот приоритет и оти буџетот за 2025 година ветува повисоки плати, инвестициски…

December 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?