Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Барањата САД да ја сменат политиката кон Македонија во првиот мандат на Трамп не успеале поради „бескорисните“ секретари Тилерсон и Помпео
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Барањата САД да ја сменат политиката кон Македонија во првиот мандат на Трамп не успеале поради „бескорисните“ секретари Тилерсон и Помпео
Blog

Барањата САД да ја сменат политиката кон Македонија во првиот мандат на Трамп не успеале поради „бескорисните“ секретари Тилерсон и Помпео

Објавено February 11, 2025 11:34
Сподели
Сподели

Поранешна претставничка на американскиот Стејт Департмент говореше во една од најгледаните десничарски емисии во САД за тоа како во првиот мандат на претседателот Доналд Трамп, Македонија барала да запре американската поддршка за Шарената Револуција, но поради „бескорисноста“ на тогашното раководство, до тоа не дошло.


Катерин О’Нил Гилиган е поранешна функционерка во Стејт Департментот и во УСАИД која беше гостинка во емисијата на Тим Пул, каде се дискутираше за злоупотребите на американската дипломатија во мандатот на претседателот Обама. Според Гилиган, и во првиот мандат на Трамп имало барања да се укине УСАИД и да се запре политичкото мешање на американските дипломати во странски држави, при што таа конкретно имала средби со македонски претставници, но поради отпорот во затекнатата администрација и неснаоѓањето на државните секретари на Трамп Рекс Тилерсон и Мајк Помпео, плановите за реформи во првиот мандат на Трамп не се оствариле.


Се сеќавам, имавме луѓе од Македонија кои бараа да ја запреме нашата влада и нејзините обиди да ја урне нивната влада. За жал, бевме пренатрупани со работа, немавме никаква поддршка од горе. Тилерсон беше отпуштен прилично рано во мандатот. Помпео беше бескорисен. Затоа не можевме да сториме ништо, изјави Гилиган.

Американската поддршка за Шарената револуција почна во мандатот на претседателот Обама, а и покрај очекувањата дека претседателот Трамп ќе реагира во случаите каде американските дипломати поттикнуваа уривање на десно ориентирани влади низ светот, до тоа не дојде. Трамп започнаа со темелно размонтирање на организацијата УСАИД, преку која се спроведуваа програми за мешање во политичките прашања на странски држави, како приоритет уште на почетокот на својот втор мандат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Такер Карлсон: Oружјето што САД го дава на Украина завршува кај мексиканските нарко картели
Следна Статија Државен завод за ревизија: Централен регистар ги лажирале финансиските извештаи за 2023 година!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Мајкрософт потврдува нов додаток со функции за Windows 11 следниот месец

Најновото ажурирање на Release Preview каналот на Windows 11 ни даде прв поглед на следниот додаток со функции на оперативниот…

February 19, 2026
Blog

Бошевска: Финансиската писменост е на многу ниско ниво

„ЕОС матрикс“ ја претстави иновативната апликација „My EOS“. Оваа нова дигитална алатка овозможува корисниците да управуваат со својата финансиска состојба…

December 30, 2024
Blog

Што е Bluetooth 6.0? Зошто најновиот стандард за аудио поврзливост е толку значаен

Широко распространетото усвојување на Bluetooth 6 напредува во аудио производите, со многу функции кои треба да ги очекуваме штом хардверот…

December 25, 2025
Blog

Јапонија одобри стимулативен пакет од 135 милијарди долари за поддршка на економијата

Пакетот има за цел да ги олесниInflation товарот врз домаќинствата и бизнисите, според медиумски извештај

November 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?