Крадците кои упаднаа во Лувр во Париз на 19 октомври и украдоа накит се обидоа да ги продадат украдените предмети на израелската безбедносна фирма „CGI Group“ преку темната мрежа, објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на Цвик Навех, извршен директор на компанијата.
„Пет дена по грабежот во Лувр, лице кое се претстави како претставник на крадците нè контактираше преку официјалната веб-страница на CGI Group. Тој праша дали ќе преговараме на темната мрежа за да ги купиме украдените уметнички дела и нагласи дека имаме 24 часа да одговориме“, рече Навех.
CGI наводно претходно бил ангажиран од анонимно лице со блиски врски со Лувр за да ги пронајде крадците и накитот што го украле.