Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бис и овации за Ана Дурловски на роденденскиот концерт „Го славиме јубилејот“ на Филхамонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Бис и овации за Ана Дурловски на роденденскиот концерт „Го славиме јубилејот“ на Филхамонија
ЗАБАВА

Бис и овации за Ана Дурловски на роденденскиот концерт „Го славиме јубилејот“ на Филхамонија

Објавено October 12, 2024 22:25
Сподели
Сподели

Со бис и овации беше награден настапот на македонската оперска певица, сопранистката Ана Дурловски, синоќа на концертот „Го славиме јубилејот“ во Македонската филхармонија, која годинава одбележува 80 години од постоењето.

Македонската филхармонија, со полна сала, на најубав начин ја започна јубилејната сезона, насловена „Одисеја“.

Гостин диригент на концертот беше Јерухам Шаровски од Израел, кој за Ана Дурловски изјави дека е една од најдбрите оперски певици со кои работел во својата долгогодишна кариера.

Овој оркестар е моето срце, со него се врзани моите почетоци, првиот настап со оркестар го имав токму со Македонската филхармонија, кажа Ана Дурловски пред концертот.

Ана Дурловски, првенка во МОБ, и постојан член на ансамблот на Операта во Штутгард, Германија триумфално се врати на сцената по пауза од седум години.

За роденденскиот концерт беше изведена светската премиера на симфониската поема „Јубилејна фантазија“ од македонскиот композитор Борис Светиев и премиерната изведба на делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар и Лид на Мариета од операта „Мртвиот град“ од Ерих Корнголд. По паузата, на репертоарот беше симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски.

Следниот концерт е на 17 октомври и тогаш гостува францускиот пијанист Лука Дебарг, а ќе диригира Бар Авни од Израел.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Со победа утре против Ерменија повторно ќе се бори за пласман на СП
Следна Статија „Летачот на орли“ е во Лесковац: Таткото на Гранит Џака лежел во српски затвор за екстремизам

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Британската кралица се уште користи „цигла“: Синот на Камила откри каков телефон има неговата мајка

Британската кралица Камила не ја користи апликацијата ВатсАп бидејќи користи стар модел на телефон кој не е поврзан на интернет,…

November 5, 2024
ЗАБАВА

Што треба да правите ако грчката полиција ви ги oдземе табличките?

Мишко за Voria.gr, раскажа дека нивниот одмор бил уништен поради еден прекршок. „Сè започна пред супермаркет во Пефкохори, во областа…

July 11, 2025
ЗАБАВА

На 10 јули пристигнува полна месечина во рак – носи среќа на некои хороскопски знаци

Полната месечина на 10. јули пристигнува со силен енергетски набој и навестува значајни животни пресврти кај многумина Според астрологијата, полната…

July 7, 2025
ЗАБАВА

11/11: Нè потсетува да застанеме и да погледнеме каде сме

11/11 е ден што носи посебна тишина во себе, не затоа што е магичен по природа, туку затоа што нè…

November 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?