Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бислимовски: Нефер однесувањето на енергетскиот пазар ќе се казнува со дел од приходот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Бислимовски: Нефер однесувањето на енергетскиот пазар ќе се казнува со дел од приходот
ЕКОНОМИЈА

Бислимовски: Нефер однесувањето на енергетскиот пазар ќе се казнува со дел од приходот

Објавено November 6, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Со новиот Закон за енергетика, на регулаторот му се доделуваат сериозни ингеренции во процесот на пазарното поврзување со соседните земји со цел зголемена конкурентност, пониски цени, поголеми инвестиции, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад,  Марко Бислимоски.

Тој зборуваше на панелот „Обновливи извори: Стратешки преглед на имплементацијата на обновливи извори на енергија” кој е дел од конференцијата организирана од Македонското здружение за обновливи извори на енергија (МАРЕС),

Ние сме инволвирани во пазарното поврзување помеѓу Грција, Македонија, Албанија и Косово, преку проект на УСАИД. Главната цел е да станеме интегриран дел од паневропскиот пазар. Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции. Со овој процес за пазарна интеграција нашите компании ќе имаат можност да учествуваат на пазарите во соседните земји, посочи Бислимоски.

РKE и со Законот за енергетика кој е во сила и во кој е имплементиран третиот енергетски пакет како новина воведе надзор на пазарите на електрична енергија и природен гас.

-Ние имаме развиено мониторинг платформа во која се агрегираат податоците од сите учесници на пазарот и доколку утврдиме непазарно однесување може да започнеме соодветни постапки пред судовите. Не-фер пазарно однесување ќе се казнува со дел од приходот, објасни Бислимоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција
Следна Статија Мицкоски потврди: Од овој месец повисоки плати во образованието

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Потпишан договор за изградба на гасоводен интерконектор со Грција, најголема енергетска инвестиција во последните 10 години

Потпишан е договорот за изградба на гасоводниот интерконектор со Грција. Изградбата ќе трае 22 месеци, а гасоводот ќе биде во…

May 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Брза пруга до Солун, полесна постапка за изградба на хотели се дел од проектите за развој на туризмот по Коридорот 10

Во подготовка сме за градење на брза пруга од Скопје до Солун, на вчерашната седница на Владата усвоена е одлука…

November 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трамповото семејство продаде голем дел од криптокомпанијата на emirates инвеститори

Инвестицијата во вредност од проценети 500 милиони долари им даде на Emirates-поддржани инвеститори 49 проценти од World Liberty Financial, криптокомп

February 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Јовевски: Скратувањето на работното време е неизбежно во иднина

Скратувањето на работното време е неизбежна иднина и неизбежна дебата што ќе следува и во Македонија токму поради дигитализацијата и…

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?