Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Битолската болница се оградува од докторот што е осомничен за примање поткуп, суспендиран е додека трае истрагата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Битолската болница се оградува од докторот што е осомничен за примање поткуп, суспендиран е додека трае истрагата
ХРОНИКА

Битолската болница се оградува од докторот што е осомничен за примање поткуп, суспендиран е додека трае истрагата

Објавено January 29, 2025 17:04
Сподели
Сподели

Јавната здравствена установа Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ се оградува од постапката на докторот кој е притворен заради примање на поткуп.

Директорката на Битолската клиничка болница Ненси Лозанче преку соопштение посочи дека итно е спроведена постапка за смена на докторот од раководна позиција.

ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“-Битола е запознаена со случајот од страна на СВР -Битола и ги охрабрува истражните органи да постапат транспарентно и законито. Како Клиничка болница се оградуваме од постапката на посочениот доктор. Категорично сме против и силно ја осудуваме секоја намера на здравствен работник да оштети пациент на било кој начин и во било која форма. Во овој случај, итно е спроведена постапка за смена на докторот од раководната позиција во Болницата, а во консултација со Министерството за здравство и постапка за суспензија додека трае процесот на истражните органи, секако според важечките законски прописи, соопштија од Битолската клиничка болница.

Полицијата вчера го проведе М.С. (64) лекар и раководител на Хируршко одделение во ЈЗУ Клиничка болница-Битола, кој е осомничен за примање поткуп, а Основното јавно обвинителство во Битола предложи мерка притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ТЕЧЕ РОКОТ ЗА АМЕРИКАНСКИ КУПУВАЧ НА ТИК-ТОК Кои имиња се во игра?
Следна Статија Данела по петти пат менува директор на Комунално

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Возач на Брзата помош од Берово фатен со дрога во болничкото возило

На 14.08.2025 околу 22 часот на ул. „Браќа Миладинови” во Виница од страна на полициски службеници од ПС Виница во…

August 15, 2025
ХРОНИКА

Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај

Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13-ти месецов. На судењето што почна денеска во…

May 9, 2025
ХРОНИКА

Финансиската полиција поднесе пријава до ОЈО за лажни фактури на фирми, една е во вредност од 32 милиона денари

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје   поднесе кривична пријава против три физички и две правни лица  поради…

December 12, 2024
ХРОНИКА

Партизанска три часа беше блокирана по верижниот судир кај „Влајко“

Сообраќјот по булеварот „Партизански одреди “ кај населбата Влае, сѐ уште се одвива отежнато по верижниот судир попладнево, објави „Нетпрес“.Околу…

April 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?