Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Битолското обвинителство отвори предмет за фотографијата на заменик-директорот на „Македонија пат“ со застрелана мечка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Битолското обвинителство отвори предмет за фотографијата на заменик-директорот на „Македонија пат“ со застрелана мечка
ХРОНИКА

Битолското обвинителство отвори предмет за фотографијата на заменик-директорот на „Македонија пат“ со застрелана мечка

Објавено January 3, 2025 11:20
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство во Битола отвори предмет за случајот со застреланата мечка и фотографијата на која позира Сашо Дранго, заменик-директор на „Македонија пат“.

„По објавите во медиумите, оформен е предмет и започната е постапка за утврдување на сите околности. Обвинителството ќе побара од Здружението за заштита на животните ‘Анима Мунди’ да ни ги достават нивните материјали, како и евентуалните пријави поднесени до МВР или други државни институции“, соопштија од обвинителството.

Здружението „Анима Мунди“ сподели фотографија на која заменик-директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго позира со мртва мечка, за која тврдат дека е жртва на незаконски лов. Здружението најави поднесување кривична пријава и побара одговорност од Дранго.

Дранго, во изјава за дел од медиумите, негираше дека ја застрелал мечката.

Според неговите зборови, животното настрадало во сообраќајна несреќа на патот Битола-Ресен, а тој и неговите колеги од „Македонија пат“ ја тргнале од коловозот. По тој повод, Дранго се фотографирал со мечката.

Истражните органи ги проверуваат сите наводи за да утврдат дали има елементи на кривично дело.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Барселона го отпуштила готвачот затоа што на Левандовски не му се допаѓале јајцата што ги приготвува
Следна Статија (Видео) Се вери најпопуларниот јутјубер на светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тешко повреден струмичанец кој со возило излетал од патот кај Марена

Струмичанец бил тешко повреден, откако возилото што го управувал излетало од патот кај кавадаречкото село Марена, информираа денеска од Секторот…

December 8, 2025
ХРОНИКА

Ја нападнал сопругата, а полицијата дома му пронашла цел арсенал на оружје

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Р. (29) од Скопје, поради постоење…

June 10, 2025
ХРОНИКА

Двајцата инспектори од УЈП остануваат во куќен притвор – Судот ја одби жалбата на ОЈО Кочани

Основниот суд – Кочани ја одби жалбата на Обвинителството со барање за промена на домашниот притвор со ефективен затворски притвор…

November 24, 2025
ХРОНИКА

Манијак снимал со телефон студентка во „Гоце Делчев“ додека се туширала

Неочекувана сцена во студентски дом на подрачјето на Карпош вознемирила 22-годишна студентка од Прилеп. Додека се туширала, забележала телефон над…

October 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?